Соопштение за јавност
Никола Груевски не може повеќе ни преку неговиот портал Курир, ниту преку другите медиуми под негова контрола да ги лаже граѓаните за Програмата на новата Влада.
Граѓаните ја имаат пред себе Програмата на новата реформска Влада, којашто ја гарантира унитарноста на државата, како и грижата за граѓанските потреби. А во неа нема ништо за што зборува уплашениот Груевски, кој е подготвен на секакви злоупотреби, на медиуми, деца, граѓани, провокации само да ја продлабочи политичката криза за да се обиде да се спаси од одговорност за криминалите.
Демократските процеси се почати, околу 700 граѓани заедно избраа промени и правда, а тоа го очекуваат и сите други граѓани во Македонија кои сакаат квалитетен и спокоен живот и развој на Македонија.
Мора да има мирен трансфер на власта, Груевски мора да се помири со тоа. Македонија оди напред.
Скопје, 18.03.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА