Соопштение за јавност
Неверојатно е на какви апсурди се натерани функционерите на ВМРО-ДПМНЕ за интересите на фамилијата на Никола Груевски.
Ивица Коневски вели дека толку многу фирми се отвориле во Аеродром што двојно ја намалиле невработеноста на жителите во општината?!
Прво, каде и во кои компании во Аеродром се вработени преку 3000 луѓе, кога во сите компании заедно што тој ги набројува се вработени само околу стотина лица?!
И дали тоа значи дека во фирмите низ општина Аеродром, работат само жители на општина Аеродром?!
Во услови на над 626.312 иселени луѓе од државата, над 500.000 граѓани кои живеат под работ на сиромаштијата, со контролиран Завод за статистика и Агенција за вработување што намалува невработеност со бришење вработени, само вакво бесмислено оправдување и можел да најде градоначалникот Конески.
Неговата прес конференција е класичен доказ на што се е подготвено раководството на ВМРО-ДПМНЕ.
Тие не прават само злоупотреби на деца, не прават само притисоци врз директори, не вознемируваат само граѓани за да протестираат за нивна заштита, туку ги потценуваат и сопствените членови.
Затоа на Македонија и се итно потребни промените за кои гласаа мнозинството граѓани, што ќе донесат демократија, правда но и достоинство за секој граѓанин, без разлика на каква било различност, вклучувајки ја и политичката.
Скопје, 16.03.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА