fbpx

Програмата на новата Влада ја штити унитарноста и еднаквоста на сите граѓани!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Програмата на новата реформска Влада која ќе донесе промени во Македонија е единствената реална платформа која ја гарантира унитарноста, слободата, демократијата и еднаквоста на сите граѓани.

Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ се единствените што ги издават државните и национални интереси на граѓаните на Република Македонија преку конфликтите, насилството и инцидентите што ги предизвикуваат со домашната и меѓународната демократска јавност за да го заштитат криминалот, да се спасат од одговорност и да спречат мирен трансфер на власта.

Ниту една закана, ниту едно прекршување на Уставот од страна на Ѓорѓе Иванов и ВМРО-ДПМНЕ нема да ги спречат демократските процеси кои се случуваат. Мнозинската волја на граѓаните мора да биде преточена во институциите на системот!

Скопје, 13.03.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести