fbpx

Психолози, педагози и дефектолози ќе вработи новата Влада, времето на Ристовски заврши!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Училиштата ќе ги добијат потребните педагози, психолози и дефектолози, но нив во училиштата ќе ги обезбеди новата одговорна Влада на граѓаните.

Граѓаните повеќе не веруваат на Спиро Ристовски и на криминалната власт во заминување, бидејки ако тие сакаа имаа 10 години досега да се посветат на здравиот раст и развој на децата, наместо да мислат на парите во своите џебови. Мнозинството граѓани затоа и гласаа за промени.

Да беше искрен Ристовски ќе посочеше и каде се предвидени пари за овие вработувања, но тој соопштува лажни вести, како што е навикната да лаже партијата од којашто доаѓа.

Времето на Спиро Ристовски заврши.

За учениците да бидат соодветно згрижени во училиштата, за нови реални вработувања и за реални политики во интерес на граѓаните потребно е што побрзо да се формира новата Влада на граѓаните на Р.Македонија.

Скопје, 13.02.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести