Соопштение за јавност
СДСМ: Незаконска употреба на пиротехника на журката на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
Срамната и скандалозна е прославата на УМС на ВМРО-ДПМНЕ – журка која се одржа додека Македонија сè уште е во црно, додека 62 семејства жалат за загубените деца, а над 200 млади се борат со последиците од трагедијата во Кочани.
Срамно е што на оваа прослава се аплаудираше на говор полн со омраза од премиерот Мицкоски, насочен кон семејствата на повредените и загинатите во Кочани.
Дополнително, беа употребени и пиротехнички средства, кои не само што се законски забранети и опасни – токму се и причина за пожарот и големата трагедијата во Кочани што ја зави државата во црно.
Кој наредил и кој одобрил употребата на пиротехника на прославата на УМС?
Кој ја набавил и ја дистриубуирал?
Зошто МВР молчи?
Или за УМС на ВМРО-ДПМНЕ не важат законите?
Согласно новиот закон, членот 31 предвидува казни и одговорност за употреба на пиротехнички средства на овој начин.
СДСМ бара итна реакција од Министерството за внатрешни работи, казни и одговорност согласно законите.