Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од потпретседателот Дамјан Манчевски и членот на И.О, Љупчо Николовски, вечерва се сретна со делегација на Атлантскиот совет од САД, предводена од Дајмон Вилсон, извршен потпретседател на советот.
Тема на разговорот беа политичката ситуација во Македонија и перспективите на државата.
Констатирано е дека на Република Македонија и е потребна стабилна Влада фокусирана кон реформите и евро-атлантските интеграции. Изразена е согласност дека успехот на концептот на заедништво во Македонија е добар пример за целиот регион.
-СДСМ е целосно фокусирана на потребите на граѓаните за квалитетен живот во праведно и правично општество. Граѓаните тоа го препознаа, затоа и мнозинството граѓани, од сите етнички заедници, тоа се над 612.000 граѓани, го поддржаа концептот за Македонија – едно општество на еднакви граѓани, со евро-атлантска иднина. За тоа е потребна нова реформска Влада. Веруваме дека ќе се формира Влада предводена од СДСМ, којашто ќе се зафати сериозно со Итните реформски приоритети и ќе обезбеди добар живот за сите граѓани и добра иднина на државата, рече претседателот Заев.
На средбата е истакнато традиционалното пријателство со САД и значењето на поддршката од САД на демократските процеси, како и на стратешките интереси на Република Македонија.