Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев попладнево се сретна со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Ова е прва средба на лидерско ниво помеѓу претседателот на СДСМ, Заев и претседателот на ДУИ, Ахмети, по предвремените парламентарни избори на 11.12.2016 година.
На средбата начелно се разговараше за позициите на двете страни коишто ги застапуваат во овој период, без навлегување во детали или разговори за одделни конкретни прашања.
Во следниот период за очекување е дека ќе продолжат средбите помеѓу двете страни, за што јавноста навреме ќе биде информирана.
Скопје, 19.01.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА