Соопштение за јавност
Градот Скопје треба веднаш да се откаже од изградбата на нови барокни фасади. Само за оваа намена, Коце Трајановски планира да потроши дополнителни 350 милиони денари во 2017 година.
Овие пари треба да се пренаменат за згрижување бездомни лица и социјално најзагрозени граѓани. Но, не само неколкумина и тоа сместени во недостоинствени услови, туку да се реши проблемот за сите граѓани кои се посебно во тешка ситуација на студеното време.
Останатите пари, Град Скопје треба да ги пренамени за мерки против загадувањето на воздухот.
Граѓаните избраа промени на парламентарните избори и гласаа против криминалните политики на Никола Груевски и на Коце Трајановски.
Затоа потребно е волјата на мнозинството граѓани да се преточи во институциите коишто ќе се грижат за нивните реални потреби.
Скопје, 18.01.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА