Соопштение за јавност
Ќе им помогнеме на граѓаните да можат да отворат сопствен бизнис.
Ќе добијат шанса за свој бизнис во бесплатен деловен простор.
Државата ќе им помогне.
Тоа планираме да го направиме преку старт – ап центрите што планираме да ги отвориме во сите поголеми општини.
Новите фирми, во првите години од основањето освен што нема да плаќаат за деловен простор ќе имаат и бесплатно сметководство, архива, одржување.
Нашата цел е младите луѓе да се охрабрат само да почнат сопствен бизнис. Ќе им олесниме да се чувствуваат заштитени од државата кога ќе ги прават првите чекори кон тоа.
Ова не е единствената мерка со што поттикнеме иницијатива за сопствен бизнис.
Ќе овозможиме отворање фирма со само 1 евро основачки влог.
Ќе овозможиме кредити до 15.000 евра, со само 1 процент камата за отворање микро бизнис.
Граѓаните знаат дека досегашната власт не им помогна со реални политики да можат да отворат стабилни бизниси и воопшто не се грижеше за домашните фирми на кои им даваше по две евра годишно државна помош.
Како што знаат граѓаните нашата цел е силна поддршка на мали и средни претпријатија за што испланиравме 140 милиони евра државна помош. На овој начин ќе обезбедиме вистински економски раст во Македонија.
Затоа е потребна нова и одговорна Влада којашто посветено ќе води реални економски политики и што ќе поттикнуваат отворање и развој на домашни фирми, со нови и добро платени работни места!
Од 2017 година заедно со граѓаните ќе го создаваме животот што го избравме!
Скопје, 17.01.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА