Соопштение за јавност
Убедливо мнозинство од над 600.000 граѓани избраа промени и нова одговорна Влада којашто ќе се грижи на нивните потреби и ќе води реални политики. Од тука доаѓа нервозата на Никола Груевски и криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.
Народот стави крај на деструктивни политичари како Груевски, кој со реториката на конфликт со демократската јавност сака да ја изолира Македонија. Граѓаните се свесни дека Груевски тоа го прави за да се спаси од одговорност и планот нема да му успее.
Целата домашна и меѓународна демократска јавност знае дека почнува процесот на враќање на животот за граѓаните.
Доаѓа време на квалитетен живот, единство, еднаквост, сплотеност, слобода, правда за граѓаните и на Влада која ќе води реални политики.
Скопје, 12.01.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА