Соопштение за јавност
Предупредуваме дека институциите се должни да работат исклучиво во служба на граѓаните!
ВМРО-ДПМНЕ не смее да одговара во име на Министерството за финансии и со тоа да го попречува професионалното работење на институциите.
Кирил Миноски од позиција на министер за финансии во заминување објави дека планира да ги задолжи граѓаните на Р.Македонија за 15 милиони евра повеќе од обврските стигнати за враќање оваа недела.
Зошто Миноски ги задолжува граѓаните 15 милиони евра повеќе од потребното?
Граѓаните треба да слушнат директно од министерот за финансии во заминување.
Потсетуваме дека против Миноски и заменик министерката за правда Бришковска веќе се поднесени кривични пријави за незаконско задолжување на граѓаните.
Граѓаните на Македонија избраа промени затоа што не сакаат нови милионски задолжувања и на нивните деца и внуци.
Скопје, 09.01.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА