fbpx

Мега скандал: ВМРО-ДПМНЕ прави грабеж и во Карбинци, превоз на ученици што чини 50 денари градоначалникот го наплаќа за 1.013 денари

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција на СДСМ, Јордан Насев – претседател на ОО Карбинци

Мега скандал: ВМРО-ДПМНЕ прави грабеж и во Карбинци, превоз на ученици што чини 50 денари градоначалникот го наплаќа за 1.013 денари

Почитувани граѓани,

Ja алармираме јавноста и надлежните институции за скандалозното, коруптивно и расипничко трошење на јавните пари во општина Карбинци, под раководство на градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ, Виктор Паунов.

Денеска го објавуваме првиот скандал, малверзации со превозот на ученици.

За неполни четири години, локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалнкот Паунов потрошила речиси 500.000 евра за превоз на ученици во основното образование.

Скандалот е во тоа што превозот се врши по цени 20 пати повисоки од реалните.

Одиме по ред. Нека види јавноста каков грабеж се случува во Карбинци.

Превоз со Јавното претпријатие Стипион на релација од село Нов Караорман до село Карбинци чини 50 денари, дневен билет во двата правци. Еве го тој документ.

А во тендерот за превоз на ученици распишан во учебната 2023/2024 година од општината превоз на едно дете дневно наплаќаат 1.013 денари! 20 пати поскапа од реланата цена.

За одредени релации, еве на пример од Горни Габер до Радање општината наплаќа 1.878 денари или 30 евра дневно. Повторувам, за еден ученик, дневно.

За 30 евра истиот превозник обезбедува превоз до Црна Гора во двата правци.

Годишно, за еден ученик тоа се 332.640 денари или околу 5.000 евра. 20 пати над реалната сума.

Ова е мега скандал. Ова е класичен грабеж на народот од страна на градоначалникот и локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ.

Овие милионски суми завршуваат во фирми блиски до ВМРО-ДПМНЕ, во што жителите на Карбинци сѐ почесто препознаваат класична злоупотреба на функцијата.

Прашањето е во чии џебови завршува разликата?

Почитувани,

Ова е слика за едно нефункционално, корумпирано, партизирано и крајно неодговорно локално владеење. Наместо чесна и одговорна власт – граѓаните добија корупција и расипништво.

Жителите на Карбинци се изневерени, излажани и изманипулирани од една ненародна локална власт, која не работи за граѓаните, туку за тесен круг на блиски луѓе околу ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ бара сите надлежни институции да отворат постапки за за основа сомневање за криминал и корупција во Карбинци.

Јавното обвинителство и Државната комисија за спречување на корупција не смеат да молчат туку да делуваат.

Граѓаните заслужуваат отчетна и домаќинска власт. Граѓаните заслужуваат почит и вистинска грижа, а не локална власт која гледа само како да ги ограби.

Последни вести