fbpx

СДСМ: Хаос на Онкологија, пациентите со рак на бели дробови власта повторно ги остави без терапија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција на СДСМ, Елена Радеска – Комисија за здравство

СДСМ: Хаос на Онкологија, пациентите со рак на бели дробови власта повторно ги остави без терапија

Почитувани,

Состојбата во здравството е катастрофална и нечовечна.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ, министерот за здравство и директорот на Фондот за здравство ги оставија пациентите со рак на бели дробови без терапија.

Додека министрите заедно со уште по мининимум 5 до 10 луѓе од кабинетите патуваат на скапи службени патувања, пациенти со рак умираат во неизвесност, без основна хемотерапија, без лек.

На Клиниката за Онкологија нема лекови за пациентите со рак на бели дробови – ниту класична хемотерапија, ниту неопходната биолошка терапија како што е лекот erlotinib, која е недостапна на клиниката од средината на Мај.

Скоро месец и половина.

Ова не е бирократски пропуст. Ова е загрозување на човечки животи поради неспособност на актуелната власт и директорот на Фондот за здравство.

Министерот нема појма што се случув, „мисли“ дека лековите се пристигнати, и продолжува да се бави со криминалниот проект на неговиот претходник за тендерот за паркинг места.

Додека пак директорот на Универзитетската клиника за Онкологија и Радиотерапија признаваат дека „понекогаш недостигаат лекови“ но не преземаат ништо.

Лековите ги нема, а пациентите страдаат. Тоа е вистината

Како може во 2025 година, со сите ветувања дека ќе се надмине проблемот онколошките пациенти да бидат оставени без терапија?

Како држава членка на ОН и потписничка на здравствени повелби дозволуваме лекот кој е на листата на основни лекови на СЗО (erlotinib) да не е достапен?

Каде се парите од Фондот за здравство?

Зошто нема итен план кога пациентите зависат од лекови за да преживеат?

Бараме владата на ВМРО-ДПМНЕ, директорот на Фондот, Клековски и новиот Министер за Здравство очекуваме уште во текот на денешниот ден да обезбедат хемотерапија.

Министерството за здравство јавно да соопшти каде е проблемот и кој ќе сноси одговорност за оваа хумана катастрофа.

Гаранции за непрекинат третман за сите пациенти со рак.

И конечно одговороност, и тоаа онаа иста одговорност на премиерот што нема да поштеди никого. А што ние до сега не ја ни видовме

Здравството не е трошок. Тоа е обврска!

Животот нема алтернатива!

Затоа, не прифаќаме молк! Не прифаќаме празни ветувања! Одговорност мора да има!

Последни вести