fbpx

Политичарите како Груевски и Иванов се минато, граѓаните избраа промени!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Нападите на Ѓорѓе Иванов кон мнозинството граѓани кои избраа промени, кон СЈО, кон ЕУ, НАТО и целата меѓународна заедница, е продолжение на политиките на конфликт на неговиот ментор Никола Груевски.

Иванов е составен дел од проблемот што десет години ја влече Македонија назад.
Тој со неуставните и незаконски помилувања, застана во заштита на криминалот, против интересите на народот и доцна е да се правда, за се ќе има одговорност.

Граѓаните препознаа дека овие несериозни политичари, Груевски и Иванов ги загрозија државните и националните интереси и сакаат изолација на Македонија за спас на криминалците. Затоа излегоа масовно на изборите и во огромно мнозинство порачаа дека сакаат нова одговорна Влада, институции на граѓаните и живот.

И тоа ќе се случи.
Политичарите како Груевски и Иванов се веќе минато.

 

Скопје, 29.12.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести