Соопштение за јавност
Никој и ништо не може да застане на патот на започнатите демократски процеси во Македонија.
Обидот на Никола Груевски преку прес конференцијата на Никола Тодоров да изврши притисок врз Управниот суд е доказ во каква паника е Груевски од промените што следуваат.
Укажуваме дека времето за политичари како Груевски заврши. ВМРО-ДПМНЕ веќе е опозиција,мнозинството граѓани избраа промени.
Институциите, вклучувајќи го и Управниот суд, се должни да работат единствено во интерес на граѓаните на Република Македонија.
Скопје, 19.12.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА