Соопштение за јавност
Антонио Милошоски, слично како и неговиот шеф Груевски, се труди поразите да ги претстави како победа, а црното како бело.
Милошоски денеска се фали со сегашната просечна плата, поради која граѓаните не можат да купат доволно храна за своите семејства, да платат сметки, рати за кредити, поради кои извршители им висат над глава, додека сите трошоци постојано растат.
Додека Милошоски, Груевски и нивните фамилии трупаа пари на своите сметки, граѓаните преживуваа, а не живееја.
Времето на Милошоски и Груевски завршува. На 11 декември граѓаните ќе изберат минимална плата до 16 илјади денари, ќе изберат просечна плата до 30 илјади денари и ќе изберат живот во Македонија.
Скопје 30.11.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА