fbpx

Со Груевски нема напред! Македонија има најлоша буџетска транспарентност во регионот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Десетгодишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ од Македонија направи земја која има најнетранспарентен буџет во регионот. Ова го потврди и извештајот за „Отворен Буџет 2015“ на Меѓународното буџетско партнерство кое Македонија ја рангираше на дното на светската ранг листа во друштво со Мароко, Руанда и Зимбавбе.

Ваквото рангирање не е изненадување ако се знае фактот дека власта на ВМРО-ДПМНЕ и сите институции раководени од кадри на владеачката партија со години ги кријат буџетските приходи и расходи, со особен акцент на јавниот долг кој никогаш не беше точно прикажан.

Десет години граѓаните ги плаќаа долговите кои власта ги правеше преку преплатени проекти како Скопје 2014 за кој се уште не се знае крајната цена.

Ваквата арогантност и неотчетност на власта завршува на 11 декември. Граѓаните ќе стават крај на расипничкото трошење буџетски пари.

Преку Планот за живот во Македонија, секој граѓанин ќе биде контролор на власта и контролор на буџетот на Република Македонија. Секој граѓанин во секој момент од својот комјутер ќе може да ги види сите трошоци на државата. Сите државни институции и буџетски корисници ќе бидат обврзани јавно да ги објавуваат своите финансиски извештаји а наместо еднаш во месецот, пратеничките прашања ќе се одржуваат секоја недела.

На тој начин секој буџетски денар ќе биде на увид на граѓаните, а секоја институција ќе стане максимално отчетна. Преку овие мерки планираме да ја вратиме Македонија во врвот на ранг листата за отчетност, рамо до рамо со европските држави, како што и прилега на држава кандидат за челнство во ЕУ и НАТО.

Скопје, 30.11.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести