Соопштение за јавност
Во врска со тенденциозната реакција на ТВ Нова, којашто ја превземаа и други провладини медиуми, СДСМ посочува на објавените невостини.
Во прилог на ова соопштение е одговорот на СДСМ (испратен вчера, 26.11.2016 г) на барањата на ТВ Нова коишто се доставени со различни термини за снимања или настапи во живо.
Поради тоа што еден дел од термините се предвидени за во истиот ден, други за наредниот ден од денот во кој е испратена поканата, СДСМ побара прецизна покана во која точно ќе бидат наведени термините.
Кандидатите на СДСМ се секогаш подготвени за соочување пред јавноста, за разлика од кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ кои бегаат од јавно соочување на други медиуми.
Впрочем, СДСМ со години ги повикува кандидатите и функционерите од ВМРО-ДПМНЕ на јавно соочување, а тие постојано одбиваат, затоа што се плашат од вистината.
Скопје, 27.11.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА