Соопштение за јавност
Сите фамозни реформи на Груевски и неговите послушници во образованието, наместо со напредок, резултираа со колапс на целиот образовен процес.
Груевски, со помош на Ристовски и останатите извршители не може да овозможи квалитетно образование од кое би биле задоволни и учениците и родителите и професорите. Потребна е промена на власта за образование кое ќе пренесува знаење.
Експериментите на Груевски и послушниците резултираа со последно место на сите релевантни листи. Македонското образование под власта на ВМРО-ДПМНЕ влезе во листата на Организацијата за економска соработка и развој помеѓу најлошите во Европа. Македонското образование го допре дното.
На листата нашата земја се најде на 65-то место од вкупно 76 земји. Македонија е позади сите земји од соседството. Србија е на 42-то место, Црна Гора е на 56-то место, додека Хрватска има подобар успех и се наоѓа на 34 место. Словенија е земјата со најдобар образовен систем на Балканот и се наоѓа на 18-то место на листата.
Затоа ни се потребни темелни промени. Потребно е образование кое едуцира.
Ќе вложуваме во образованието и ќе се фокусираме кон вештини и критичко размислување кои им се потребни на младите за да ги реализираат своите желби. Целта ни е создавање задоволни и исполнети граѓани, а не несреќни и немотивирани експерти. Ќе го намалиме бројот на предмети и ќе го укинеме екстерното тестирање! Наставниците нема да бидат казнувани, туку најдобрите училишта и наставници ќе бидат јавно наградувани!
Во Планот за живот во Македонија, образованието ни е од највисок приоритет. За живот на сите во Македонија.
Скопје, 26.11.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА