fbpx

СДСМ: Детската клиника Козле без вода – показател за дефектот на целиот здравствен систем

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, д-р Душанка Георигиева Трпевски, членка на Извршниот одбор на СДСМ

СДСМ: Детската клиника Козле без вода – показател за дефектот на целиот здравствен систем

Почитувани,

Среде лето и високи температури, власта ја остави детската клиника Козле без најосновното, без вода.

Во 21 век, во главниот град, болница во која се лекуваат најмладите пациенти со тешки респираторни заболувања, вклучително и деца и повозрасни пациенти со цистична фиброза, функционира во целосно нехумани услови- без вода.

Два дена медицинскиот персонал работеше во крајно отежнати околности, додека родителите на хоспитализираните деца се соочуваа со трансфер и пренасочување во други здравствени институции.

Иронични и несоодветни беа оправдувањата дека причината за дефектот бил слаб притисок и конфигурацијата на објектот, болницата досега никогаш не се соочила со ваков проблем, ниту пак во летните месеци кога потрошувачката е зголемена.

Ова не беше технички дефект, туку показател за целосен дефект на здравствениот систем – резултат на негрижата и неспособноста на власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Цената за неспособноста на оваа власт ја плаќаат граѓаните, децата, со највредното нешто – здравјето.

Почитувани,

Оваа состојба е резултат на неодговорното и нестручно работење на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, на која наместо реално да вложува во здравстевната инфрастура, го загрозува здравјето на граѓаните.

Тоа што водоснабдувањето на клиниката Козле се нормализираше – не значи дека проблемот треба да се заташка.

СДСМ бара јавно да се соопштат точните причини за тоа што се случи во оваа болница и одговорност.

Воедно, бараме Министерството за здравство и Државниот здравствен и санитарен инспекторат веднаш да преземат мерки и да спроведат вонредни контроли, со цел да се спречат евентуални бактериски инфекции и појава на зарази поради нарушените хигиенски услови.

Истовремено да се процени и капацитетот на институциите кадешто се препраќаат децата, дали може да примат толкав број пациетни.

Животот и здравјето на децата не се статистика. Тоа се суштински приоритети на секое општество.

Оваа Влада повторно покажува дека не е способна да се справи ниту со најосновните предизвици и обврски во здравствениот сектор. Граѓаните заслужуваат функционален и безбеден здравствен систем, а не систем што се распаѓа.

Последни вести