Соопштение за јавност
Десет години власта на ВМРО-ДПМНЕ имаше шанса да направи нешто за младите а досегашниот учинок им е нула мерки и безброј лажни ветувања и пропаднати проекти.
Несериозно е денеска ВМРО-ДПМНЕ да ја промовира мерката за работа на студенти со скратено работно време (т.н. part time job) и да говори за студентски стандард кога студентите и сите млади луѓе масовно ја напуштаат државата незадоволни токму од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ треба да се срами да говори за вработување на млади, особено во нивните странски инвестиции кои или пропаѓаат за една година или никогаш не се исполнуваат, кога причина број 1 за иселувањето е невработеноста на младиот човек. Оваа мерка само говори за безидејноста на ВМРО-ДПМНЕ, за нивниот популизам во предизборие, намера за полнење на администрацијата со партиски послушници и лажни ветувања за приватниците.
Наспроти ваквите очајни предлог-мерки, СДСМ во договор со граѓаните и студентите подготви План за живот во Македонија во кои се предвидени низа на мерки за зголемување на студенстскиот стандард. Во Планот за живот една од мерките за студентите е работа за студентите со скратено работно време, во читалните, библиотеките во студентските домови. Студентите ќе бидат водичи на своите колеги – бруцоши и за тоа ќе бидат платени.
Студентите се уморни од лажни ветувања, сакаат вистинска, добро платена работа и финансиска независност. Сакаат да ја видат својата иднина тука, во Македонија.
Младите, студентите се нашиот врвен приоритет. Нашата заложба е да им обезбедиме достоен живот тука, во Македонија.