fbpx

Спасовски во Куманово: Ќе ги изедначиме домашните и странските инвестиции!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Извадок од говор
Оливер Спасовски, носител на кандидатска листа во ИЕ
Куманово, 24.11.2016

Направвиме план за живот во Македонија. Тој план е направен бидејќи денес во Македонија нема живот. Денес во Македонија еден дел од граѓаните преживуваат а најголем дел бараат начин како да ја напуштат Македонија. Затоа постојат низа мерки кои што можат да значат сериозна реформа во Република Македонија.

Мора да направиме реформа на економскиот систем, за да ја заајакнеме Република Македонија. Мора да направиме се за младите луѓе да ги задржиме тука во Македонија. Затоа со Планот за живот во Македонија предвидуваме да ги изедначиме домашните и странските инветитори. Да нема само субвенции и помош само за странските инвеститори а бенефитот да биде многу мал.

Ќе понудиме реална и буџетска помош од 140 милиони евра годишно за домашните компании за да можат да инвестираат, да создаваат работни места, а за тоа, како идна влада ќе бараме само еден услов. Работниците да бидат заштитени, да бидат здравствено и пензиско осигурани и да имаат достоинствена плата. Затоа Планот за живот предвидува во првата година од мандатот минималната плата да биде 12 000 денари, а на крајот од мандатот да изнесува 16 000 денари.

Тоа значи дека треба да помогнеме и на фирмите и на бизнисмените. Тоа сакаме да го направиме преку партнерство, преку социјално-економските совет, преку дијалог. Никој да не биде оштетен, на секого да му биде понудена помош и поддршка. Стопанството да понуди помош на државата, државата на стопанството, сите заедно да им помогнат на работниците, а работниците исто така да и помогнат на Република Македонија. И тоа е многу реално и многу остварливо.

 

 

 

 

Последни вести