fbpx

Средба Заев – Зулуета: Промените ќе се случат на регуларни избори на 11 декември!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев придружуван од потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски денеска се сретна со шефицата на набљудувачката мисија ОБСЕ/ОДИХР, Тана де Зулуета.

На средбата се зборуваше за неопходноста од одржување на фер и демократски избори на 11 декември како и за важната улога што набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР ја има во мониторингот и оценката за предизборниот и изборниот процес.

„Промените во земјава ќе се случат на 11 декември преку регуларни и фер избори. Важно е до крај да се обезбедат сите услови за да можат граѓаните слободно да ја изразат својата волја. СДСМ и коалицијата со граѓаните се решени на 11 демекври да ги вратат демократските институциии и да ја придвижат земјата напред.“ рече претседателот Заев.

Претставниците на ОБСЕ/ОДИХР најавија дека ќе продолжат будно да го следат предизборниот и изборниот процес. Заеднички е изразена согласност дека на 11 декември мора да се случат фер и регуларни избори.

 

 

 

 

Последни вести