fbpx

СДСМ: Инфлација од 4,8% – промашените политики на власта го туркаат народот во сиромаштија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција на СДСМ, Ема Нешковска Заменик-претседателка на Форумот на жени

СДСМ: Инфлација од 4,8% – промашените политики на власта го туркаат народот во сиромаштија

Почитувани,

Инфлацијата вртоглаво расте – со ВМРО-ДПМНЕ секој нов месец е нов удар врз стандардот на граѓаните.

Државниот завод за статистика објави алармантни бројки – инфлацијата на годишно ниво изнесува 4,8%.

Овие катастрофални бројки не се на „четврта економија“ туку на економија во слободен пад. Резултат на тотално промашените економски политики на Владата на Христијан Мицкоски.

Речиси сè е поскапено, а најмногу храната и основните производи.

Животот станува сè потежок, граѓаните имаат сè помалку пари, илјадници семејства во Македонија едвај врзуваат крај со крај.

Родителите се приморани да се откажуваат од многу работи за да можат да обезбедат оброк за своите деца, прават секојдневни математики – дали да платат сметки или да купат основни намирници.

И додека народот едвај врзува крај со крај и секојдневно се бори со високите цени, премиерот Мицкоски уште „анализира“.

Власта тврдоглаво ги одбива конкретните предлози на СДСМ за намалување на цените и зголемување на платите.

Не може народот да биде на леб и сол и да чека мерки, додека владините функционери се луксузираат и се гоштеваат со папаја и манго.

Не требаат „анализи“ и промашени мерки со „кошнички“. Владата има готови предлози од СДСМ – нека ги реализира: укинување на ДДВ за храна, зголемување на минималната плата и покачување на платите во другите сектори.

Само на овој начин цените ќе се намалат а ќе се заштити стандардот и понатамошното осиромашување.

Времето на владина незаинтересираност и арчeње на парите на граѓаните мора да заврши.

Сметката секој ден ја плаќаат граѓаните.

Последни вести