fbpx

Шукова за МИА: Партиските бои не се важни кога се работи за граѓаните, ќе бидам градоначалник на сите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштнеие за јавност

Шукова за МИА: Партиските бои не се важни кога се работи за граѓаните, ќе бидам градоначалник на сите

Во Скопје прво треба да ги вратиме елементарните стандарди на живеење и елементарните вредности. Тоа секако се надоврзува со повеќе процеси и мислам дека на сите треба да ни биде едно јасно, дека Скопје не се само булеварите, не се само зградите. Скопје е пред сѐ граѓаните, истакна кандидатката на СДСМ за градоначалничка на Град Скопје Каја Шукова, во интервју за новинската агенција МИА.

Партиските боји не се важни кога се работи за граѓаните, Скопје не припаѓа на една партија, туку на сите нас. Mора да се види синергијата помеѓу градот Скопје и граѓаните и јас на тоа ќе работам, додаде таа.

-Мора да има синергија, едните да даваат услуги на другите, другите да ги почувствуваат бенефитите од услугите, бидејќи градот е сервис на граѓаните. Не е обратно. Значи, градот е тука за граѓаните, јавните претпријатија се за граѓаните, а граѓаните секако мора да се однесуваат одговорно кон јавното добро. Граѓаните кога гледаат дека оние што се одговорни за чистотата во градот не функционираат, ги фаќа летаргија и си велат институциите не функционираат. Кога ќе видат граѓаните дека системот функционира, дека добиваат сериозна услуга, дека градот ни е убав и чист, мислам дека и граѓаните ќе делуваат пооодговорно, рече Шукова, додавајќи дека има разни мерки во нејзината програмата кои ги опфаќаат решенијата на секојдневните проблеми со кои се соочуваат скопјани.

Последни вести