Соопштение за јавност
Неспособните кадри на Никола Груевски во енергетските гиганти заминуваат од функциите, но со тоа не можe обвинетиот Груевски да ги прикрие деценискиот грабеж којшто е направен во енергетиката, зголемената цена на струјата за 100% и укинувањето на евтината тарифа.
После оставката на директорот на ЕЛЕМ, Дејан Бошковски и директорот на МЕПСО Синиша Спасов си поднесе оставка на својата функција.
СДСМ има план за граѓаните и во енергетиката. Евтината тарифа на струјата ќе ја вратиме и планираме сериозни инвестиции во енергетскиот сектор што ќе значат и помали сметки за струја за граѓаните.
Скопје, 10.10.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА