fbpx

Костова со осуда на инцидентот во Штип: Бебзедноста крахира, Тошковски да си даде оставка!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Костова со осуда на инцидентот во Штип: Бебзедноста крахира, Тошковски да си даде оставка!

Потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова, најостро го осуди денешниот инцидент на стадионот „Бело Брдо“ во Штип, во кој беа нападнати младински спортисти на фудбалски натпревар.

„Додека Панче Тошковски му тера кампања на Орце Ѓоргиевски, на нас штипјани денеска децата ни ги сокршија од ќотек на стадионот Бело Брдо. Нов ден, нов крах на безбедноста под водство на најнеспособниот министер за внатрешни работи во историјата на самостојна Македонија!

Најостра осуда за денешниот инцидент на натпреварот меѓу младинските екипи на „Брегалница“ и „Шкупи“! Додека Тошковски се слика, младите спортисти немаат минимум безбедност, ниту можност за непречено спроведување на обичен фудбалски натпревар.

Ништо од големите ветувања на ДПМНЕ и Мицкоски. Кога среде Штип ни ги сокршија децата од ќотек, што останало за безбедноста на ниво на цела држава. Со ваква партизирана полиција, водена само за остварување на тесните интереси на неколкутемина дпмне-вски челници и нивни соработници од подземјето, безбедноста ја снема од македонската реалност.

И по кој знае кој пат бараме оставка од Тошковски! Тоа е најмалку што може да го направи.“ стои во објавата на Костова.

Линк до објавата: https://www.facebook.com/kvkriss/posts/pfbid0f2nn45Rp2eS2AkoE7nwnN183x9XhupZDwLXxS3t6sRqG67Pm8LWxVdhzyXdFZsaUl

Последни вести