fbpx

Митовски: ВМРО-ДПМНЕ и Стефковски имаат 0 реализирани ветувања во Гази Баба, 4 години разочарувања

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција на кандидатот за градоначалник на општина Гази Баба Влатко Митовски

Почитувани,

Четири години локална власт на Бобан Стефковски и ВМРО-ДПМНЕ се четири години разочарувања и неисполнети ветувања.

4 години кои наместо развој и конкретни проекти, донесоа само празни зборови, нефункционална администрација и урбанистички хаос.

Општината, која требаше да биде мотор на локален развој, денес е пример за тоа како изгледа кога партиските интереси се пред интересот на граѓаните.

Што ветија Стефковски и ВМРО-ДПМНЕ пред 4 години?

Ветија 4 градинки а не реализираа ниту една.

Ветија 500.000 нови дрвја а во реалноста тие не постојат. Освен ако не се бројат саксиите пред
општината.

Ветија нова фекална мрежа, гасификација, топлификацијам проекти тешки над 1 милијарда денари.

После 4 години ништо нема од овие проекти, сите во фаза на „најави“.

Ветија подземни контејнери, културни центри, спортски сали, паркови за миленичиња, здравствени амбуланти.

Ветија и индустриската зона.

Ништо од ова не релизираа.

Овие 33 неисполнети ветувања, нереализирани проекти не се само промашени инвестиции , тие се разочарувања на граѓаните.

Но испорачаа и нешто што не ветија. А тоа се поголеми сметки за граѓаните на Гази Баба.

Денеска граѓаните на Гази Баба блгодарение на ВМРО-ДПМНЕ и Стефковски плаќаат поскапи сметки за вода, смет и канализација.

Народот плаќа повеќе а Гази Баба е целосно запоставена. Нечисти улици и нефункционална инфраструктура, сообраќаен хаос и урбанистички дивеења се само дел од проблемите со кои се соочуваат нашите сограѓани.

Локалните избори се шанса за промени во Гази Баба, за крај на четиригодишниот застој и нова надеж.

Затоа што граѓаните не Гази Баба заслужуваат општина што работи, создава и гради.

Последни вести