fbpx

Средба Заев – Тимоние: Регуларни избори на 11 декември и демократска Влада

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ Зоран Заев, придружуван од заменик претседателката Радмила Шекеринска денеска се сретна со новоименуваниот амбасадор на Р.Франција во Р.Македонија, Кристиан Тимоние.

На состанокот се разговараше за актуелната политичка ситуација во Македонија и потребата од демократска иднина на државата.

Заеднички е констатирано дека прв чекор кон тоа се регуларни избори на 11 декември.

– СДСМ посветено работи на демократска и економски стабилна Македонија. Нормализација на животот на граѓаните и перспективи на земјата се можни само со промени во декември и избор на легитимна Влада, што сме убедени дека ќе се случи, рече претседателот Заев.

Претседателот Заев објасни дека СДСМ на завчерашниот Конгрес усвои планови со конкретни рокови за економски развој преку поддршка на домашните мали и средни претпријатија што ќе отворат нови и сигурни работни места. Исто така утврдена е и динамиката на спроведување на клучните реформи за независно судство, објективни медиуми, институционална стабилност.

Заклучено е дека е неопходно е да се спроведат итните реформски приоритети од Извештајот на Прибе и да се врати демократското функционирање на системот за да може да се одблокираат евро-атлантските интегративни процеси за Македонија.

04.10.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести