fbpx

Богов се брука со пиши бриши бројките за наводни странски инвестиции

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Гувернерот Богов дозволи и да се брука, во обидот да го спасува крахот на приказните на обвинетиот Груевски.

Богов, колку и да пумпа извештаи со лажни бројки за странски инвестиции, фактите се на празните ливади што можат да се видат и на овие фотографии.

Додека некои од нив никогаш не дојдоа во Македонија, иако им беа изградени и писти до локациите, а други секојдневно заминуваат, Богов се реши сам да си ги прогласи за неточни еднаш објавените бројки во неговите извештаи.

Така Димитар Богов, со штуро објаснување дека додал некакви нови статистики, извади нови извештаи во коишто тврди дека всушност странските инвестиции во 2015 година биле за 40 проценти повеќе, а за 2016 година дека биле за 17 проценти повеќе?!

И со вештачки напумпаните бројки не се корегира вистината дека Македонија останува на дното во регионот и Европа по странски директни инвестиции, зад Косово, Србија и Албанија.

Економската клима во државата не може да ја смени Богов. Тоа ќе се случи со промените во декември.

 

Скопје, 05.10.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

 

Последни вести