fbpx

Обвинетиот Груевски го очекува убедлив пораз на 11 декември

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Обвинетиот Никола Груевски се уште не може да сфати дека неговото време помина.

Обвинетиот Никола Груевски го очекува убедлив пораз на 11 декември. Наместо да си се лаже себеси со лажни анкети, Груевски нека си ја подготвува одбраната за на суд зашто дојде времето кога ќе одговара за сите криминали и прекршувања на законите што ги направи изминативе 10 години.

Граѓаните веќе ја знаат вистината за обвинетиот криминалец Груевски, тие на своја кожа го чувстуваат пустошот кој го остави зад себе со неговите погубни политики.

Помина времето кога Груевски можеше да фалсификува избори и да влече граѓани за уши на гласање.

Граѓаните нестрпливо го чекаат 11 декември за да му покажат на Груевски што мислат за него и за неговите послушници. Тогаш ќе добие одговор и што мислат за богатењето на неговата фамилија и на неговата партија и за целиот грабеж на сметка на граѓаните кои тонат во сиромаштија.

На 11 декември Македонија ќе победи. Не очекува нов почеток, многу работа и поквалитетен живот.

 

Скопје, 01.10.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести