Кривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити Алта – банката на Вучиќ

Соопштение за јавност Кривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити банката на Вучиќ од истрагата во Србија. Го натера Славески да ги поднесе кривичните пријави против претседателот на СДСМ, Венко Филипче, Александар Саша Димитријевиќ, Андреј Жерновски и Александар Трајановски. Граѓаните знаат дека Мицкоски сè работи по налог на Вучиќ, како што беше внесувањето на […]
Каранфилова-Пановска: Мицкоски изнесе брутална лага на надзорната расправа за Алта банка, Обвинителството мора да постапи

Соопштение за јавност Заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова-Пановска, во вечерашното гостување во емисијата „Топ тема“ на Телма телевизија обвини дека Христијан Мицкоски изнесе невистини како сведок на надзорната расправа за Алта банка во Собранието, со цел да ја избегне политичката одговорност за влезот на банката во Македонија. „На денешната надзорна расправа премиерот Христијан Мицкоски се […]
Талески до Савески: Ако не сте продолжена рака на Мицкоски – постапете за лажниот исказ на надзорната расправа

Соопштение за јавност Пратеникот на СДСМ, Миле Талески, на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието побара од јавниот обвинител Ненад Савески да постапи поради лажниот исказ на премиерот Христијан Мицкоски. Талески нагласи дека обвинителот има можност со конкретно постапување да ја докаже својата независност и да покаже дека не е продолжена рака на […]
Талески до Савески: Зошто нема истрага за Алта банка за Мицкоски, Славески и Кочовски?

Соопштение за јавност Пратеникот на СДСМ, Миле Талески, на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието побара од јавниот обвинител Савески конкретни одговори дали е оформен предмет, дали се преземени предистражни дејства и дали ќе се испитува евентуалната кривична одговорност на премиерот Христијан Мицкоски, гувернерот Трајко Славески и министерката за финансии, доколку доказите укажуваат […]
Спасовски до Финансиското разузнавање: Што му кажавте на Славески за парите и луѓето зад Алта банка?

Соопштение за јавност Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието побара од директорот на Управата за финансиско разузнавање да објасни кога Народната банка побарала проверки за Алта банка Белград, што утврдиле тие проверки и какво мислење било доставено за потеклото на капиталот и за лицата кои управуваат со […]
Николова: Со кои пари Мацура го купи осигурителното друштво и од која сметка се платени?

Соопштение за јавност Пратеничката на СДСМ, Даниела Николова, на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието побара конкретни одговори од Агенцијата за супервизија на осигурувањето за потеклото на парите со кои Давор Мацура го купил осигурителното друштво, сегашно Алта осигурување Скопје. Таа праша од која сметка била извршена уплатата и какви проверки направила Агенцијата […]
Бочварски до Андоновски: Како тоа дававте лиценци за Алта банка, а сега сте администратор?

Соопштение за јавност Пратеникот на СДСМ, Благој Бочварски, на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието побара од привремениот администратор Илија Андоновски да ја објасни својата претходна улога во процесот на супервизија и лиценцирање на банката. Бочварски праша дали Андоновски учествувал во давањето лиценци и дали тогаш имал сознанија за прекршокот констатиран од Европската […]
Николовски: Во ЕУ го запреа Мацура за 19%, кај нас доби согласност за 100%, Европа е филтер за криминал

Соопштение за јавност Пратеникот на СДСМ, Љупчо Николовски, на надзорната расправа за Алта банка во Собранието побара конкретни одговори од Народната банка за проверките направени пред да се одобри преземањето на Стопанска банка Битола. Тој посочи дека европските регулатори го запреле обидот на Давор Мацура за стекнување удел од 19 проценти во австриската Адико банка, […]
Тренчевска до Митреска: Како не ви беше сомнителен растот од 13 пати на Алта банка?

Потпретседателката и пратеничка на СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната надзорна расправа за причините за воведувањето администрација во Алта банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност, ја праша вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, за издавањето дозвола на Алта банка, проверката на нејзината репутација, сопственичката структура и потеклото на капиталот. Тренчевска […]
Битиќи до Кочоска: Дали власта давала инструкции јавни пари да се насочуваат кон Алта банка?

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната надзорна расправа за причините за воведувањето администрација во Алта банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност, упати низа прашања до министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, потенцирајќи за одговорноста на Владата за постапките поврзани со преземањето на банката и располагањето со акциите на јавните […]