Колку уште докази се потребни дека Мицкоски не сака ЕУ?

Соопштние за јавност Се уште не е формирана новата влада во Бугарија, а Христијан Мицкоски веќе најавува влошување на односите и денеска министарот Тимчо Муцунски изјавува дека „нема услови за уставни измени“. Истата таа влада која пред неколку дена најавуваше дека до јуни ќе ги исполни сите 8 преостанати точки од реформската агенда, сега преку […]

СДСМ против лагите на Алфа ТВ: Имате 24 часа да кажете дали документите се фалсификат или оригинал

Прес конференција на СДСМ, Петар Огњеновиќ – член на Извршниот одбор Паника во криминалната организација ВМРО! Загубија над 150.000 гласови поради неисполнети предизборни ветувања, неспособноста да ја води државата, економскиот распад, корупција и криминал. Мицкоски и неговата криминална организација знаат дека времето им истекува. Особено после најавите за почеток на истрагите во Унгарија за бизнисите, […]

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

Портпаролката на СДСМ и членка на ИО, Богданка Кузеска, во емисијата 24 Анализа ја обвини власта за неспособност, лажни ветувања, празен буџет, нови задолжувања и целосна отсеченост од реалните проблеми на граѓаните. Таа посочи дека власта намерно создава страв за ЕУ, за да го дефокусира вниманието од реалните проблеми со кои се соочуваат граѓаните. „ВМРО […]

За Мицкоски тепање жена е „мал престап“ – срамна заштита на насилството врз жените и на Тошковски

Прес конференција на СДСМ, Розалија Ангелковска – Форум на жени Изјавата на Христијан Мицкоски дека бруталното претепување на жена од неговиот бодигард е „мал престап и системот функционира“ е скандалозна, опасна и недозволива. За Мицкоски, семејното насилство и тепањето жена се „мал престап“. Поразителна порака до сите жени-жртви на насилство во државата. Наместо јасна осуда, […]

Мицкоски започна кампања за „Платформата на ВМРО“ во СДСМ – паника во криминалната група

Соопштение за јавност Додека граѓаните бараат конкретни одговори на клучните прашања, законот за двојно државјанство, исполнување на реформската агенда до јуни, екстрадиција на Груевски, внесување на Бугарите во Уставот, укинување на техничката влада без консензус и меѓународна поддршка, новите задолжувања, економскиот колапс, растот на инфлацијата, поскапувањето на горивата и основните животни намирници, падот на животниот […]

Честит Ден на полицијата!

Соопштение за јавност СДСМ им го честита Денот на полицијата на сите чесни, професионални и посветени полициски службеници кои и покрај притисоците, понижувањата и партизацијата којашто ја прави Тошковски и ВМРО-ОКГ, секојдневно се посветени на безбедноста на граѓаните. Но денес, наместо гордост и доверба, јавноста гледа распад на системот, скандали, насилство, селективна правда и партизирана […]

Граѓаните бараат конкретен одговор: Дали се испратени документите за екстрадиција на Груевски?

Соопштение за јавност Граѓаните бараат јасен и конкретен одговор од Министерството за правда и од владата на Мицкоски: Дали се испратени документите за екстрадиција на Никола Груевски? Поминат е цел еден месец откако новиот унгарски премиер Петер Маѓар најави дека Унгарија нема да биде сигурна куќа за криминалци и посебно го спомена Груевски. Од тогаш […]

Филипче: Споменот на Гешовски потсетува колку скапо чини политиката на омраза, поделби и националистичка пропаганда

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска во Кавадарци положи цвеќе и оддаде почит на Сашко Гешовски, кој пред 35 години како припадник на тогашната ЈНА, го загуби животот и беше првата жртва од Македонија во конфликтот што го предизвика распадот на Југославија. Филипче во објава на социјалните мрежи порача дека војната што се случи […]

Детските игралишта во Аеродром се небезбедни, градоначалникот итно да ги реконструира

Руинирани, оштетени, неосветлени и небезбедни се детските игралишта во Аеродром. Нередовните поправки на игралиштата кои често се предмет на вандализам се закана по безбедноста на најмладите жители на нашата општина. Со неработењето на градоначалникот Дејан Митески и ВМРО-ОКГ во Општина Аеродром ваква е сликата буквално на секое детско игралиште. Најкритична е состојбата со игралиштето во […]

Европа не може да прими во членство организирана криминална група како ВМРО

Граѓаните мораат јасно да разберат зошто Европската Унија бара реформи пред да нè прими во своето членство. Европа не може и не сака да прими организирана криминална група во својот систем. Реформите не се технички услов, тие се брана против влез на криминал, корупција, партизација на институциите, контрола на медиуми и заробена држава во демократскиот […]