Ажурирање на членство и регистрација

Ви благодариме што заедно сме дел од социјалдемократското семејство. Во продолжение се основните информации за процесот за ажурирање на членови и активна регистрација за постапката којашто започнува на 18.01.2020 година.

1. Тимови на ниво на Месен одбор ги контактираат сите членови на СДСМ на месно ниво

Тимови за ажурирање на членови на СДСМ и активна регистрација (на ниво на месен одбор) се задолжени да ги контактираат сите членови на СДСМ во Месниот одбор и/или лично да ги посетат сите членови и извршат поединечно пополнување на подготвен Образец за ажурирање на членство и активна регистрација. Активностите се релизираат согласно сите мерки и препораки за заштита од ковид 19.

2. Пополнетиот Образец се доставува во Општинската комисија за ажурирање членови и активна регистрација.

Вака поединечно пополнетиот Образец за ажурирање на членство и активна регистрација со целосно внесени податоци (своерачно потпишан од членот за кој се врши ажурирање) тимовите на месно ниво ги доставуваат до Општинска комисија за ажурирање на членови на СДСМ и активна регистрација.

3. Општинската комисија ги внесува податоците во база на податоци

Податоците за секој член Општинската комисија ги внесува во електронска форма во единствена база на податоци за членство.

4. Можности за онлајн пријавување за ажурирање и активна регистрација
  • Пријавување за ажурирање на членови и активна регистрација може да се реализира и самостојно, преку онлајн форма.
  • Системот за онлајн пријавување овозможува секој член да се пријави за ажурирање на податоците, во електронски Образец, по што пријавата се испраќа до Општинската комисија. Оваа Комисија е должна да го посети пријавениот член и постапи по одредби од веќе изработен Правилник.
  • За целосно завршување на постапката се пополнува образец, лично со физичко присуство.
  • Откако ќе се утврди дека постои основ за ажурирање на податоците и активна регистрација истите се внесуваат во централниот систем.
5. Нови членови

Во целиот период на постапката за ажурирање на членови ќе биде овозможено и зачленување на нови членови на СДСМ, како и нивна активна регистрација.

Врз основа на член 9 став 2 и 3 од Статутот на СДСМ, лицето кое во текот на постапката за Ажурирање сака да пристапи во редовите на СДСМ задолжително потполнува пристапница.

Претседателот на ОО постапува по предвидената постапка во Статутот на СДСМ.

6. Можност за поднесување на приговор/жалба

Доколку некој смета дека на било каков начин му е ускратено правото на ажурирање како член на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и активна регистрација, може да поднесе приговор до Надзорниот одбор на СДСМ.

  • Образложениот приговор во хартиена форма за евентуално ускратено право на Ажурирање за член на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и активна регистрација се доставува до Надзорниот одбор на СДСМ во хартија, во затворен плик со назнака приговор/жалба до Надзорен одбор на СДСМ, најдоцна 8 дена по завршување на процесот на ажурирање и активна регистрација согласно Роковникот, во седиштето на СДСМ на ул. Павел Шатев број 8 Скопје.
  • По истекот на 8 дена предвидени за поднесување на жалби, Надзорниот одбор има рок од 8 дена да донесе конечна одлука по жалбите.
  • Во случај на позитивна одлука од страна на НО, Општинската комисија е должна во рок од 3 дена да го ажурира подносителот на жалба.
7. За членовите од странство има посебна онлајн форма за пријавување за ажурирање и активна регистрација која може да ја пополните на следниот линк.

*Важна напомена: Сите чекори и активности се реализираат согласно препораките и мерките за заштита на здравјето на граѓаните и членовите.

Доколку имате дополнителни прашања на располагање ви стои вашата општинска организација или директно во седиштето на СДСМ на телефон: 02/3293-100