fbpx

Тренчевска во интервју за ЦИВИЛ: Мерките за финансиска помош се во насока на олеснување на претстојните зимски месеци за најранливите категории граѓани, средствата ќе им стигнат на сметките

Facebook
Twitter
LinkedIn

Интервју на координаторката на Форум на жени на СДСМ и министерка за труд и социјални политики, Јована Тренчевска за ЦИВИЛ.

ЦИВИЛ МЕДИА: Владата најави мерки за финансиска поддршка на социјално ранливите категории на граѓани, како и на корисниците на пензија, меѓу другите мерки. Министерството за труд и социјални политики е една од клучните институции за спроведување на овие мерки, во однос на распределбата на помошта, како што тоа беше случај и за време на здравствената криза со пандемијата од Ковид-19. Дали и во која мерка е подготвено Министерството за распределба на помошта и со кои предизвици очекувате да се соочите?

Тренчевска: Подготвивме сет мерки кои што се однесуваат токму за финансиска поддршка на ранливите категории на граѓани кои во периодот на економска и енергетска криза се најмногу погодени. Искуството не научи преку анализите, преку увидот во состојбата многу полесно можеме да дојдеме до оние целни групи кои што се најпогодени од кризата и како полесно вие целни групи да го поминат зимскиот период кога требат повеќе средства за енергенси и храна“ посочи Тренчевска.

„Сетот од 350 милиони евра се мерки кои што се однесуваат на примателите на надоместокот за социјална сигурност на стари лица, односно лицата кои по било кој основ не оствариле право на пензија а се над 65 годишна возраст, се дел од целната група која што ќе добие финансиска поддршка и се вклучени во овие антикризни мерки, понатаму лицата кои што се корисници на правото на попреченост и децата со попреченост кои што се до 26 годишна возраст, се исто така дел од овие антикризни мерки. Понатаму, сите оние лица кои што се приматели на правото на помош од друго лице, значи туѓа нега, а кои што имаат исклучително тешка здравствена состојба, или пак лица кои имаат некаква попреченост а не се приматели на правото на попреченост, како и сите оние кои имаат статус на невработени лица а се приматели на надомест преку Агенцијата за вработување согласно Законот за материјално обезбедување, односно стечајните работници кои што примаат надомест од Агенцијата за вработување по основ на овој закон“, објаснува министерката.

Покрај овие целни групи, во сетот мерки се вклучени и пензионерите како ранлива категорија на граѓани, пензионери кои што примаат пензија до 14 илјади денари, односно во првата група се пензионерите кои што примаат пензија до 11.525 денари, и во втората група се пензионери кои што примаат пензија од 11.526 денари до 14.000 денари.

„Финансиската поддршка која што е определена за овие лица, значи за примателите на некое од правото на социјална заштита изнесуваат 3000 денари месечно во наредните четири месеци, значи вкупна финансиска поддршка за секое лице од 12.000 денари, за пензионерите приматели на пензија до 11.525 денари, финансиската поддршка е вкупно 6000 денари односно 1.500 денари четири месеци, и за примателите на пензија од 11.526 денари до 14.000 денари вкупната финансиска поддршка е од 3.500 денари во наредните четири месеци“, рече Тренчевска во интервјуто.

Во однос на евентуални опструкции од страна на опозицијата за донесување на Законот, Тренчевска верува дека тоа сепак нема да се случи, со оглед на тоа дека се работи за поддршка на најранливите категории граѓани.

ЦИВИЛ МЕДИА: Дали наидувате на соработка и одобрување од опозицијата?

Тренчевска: Денес петок, н.з.) ќе биде доставен предлог Законот за финансиска поддршка на ранливи категории на граѓани согласно одлуката на Владата за антикризни мерки, ќе биде пратен до Влада за да помине на Влада и за да може да отиде на Собранието на усвојување, за да може овие финансиски средства навреме да стигнат до сите граѓани и очекувам дека многу наскоро ќе биде донесен Законот. Очекувам Законот веќе в понеделник да влезе во собраниска процедура“, најави министерката за труд и социјална политика.

Јована Тренчевска, министерка за труд и социјална политика во интервју за ЦИВИЛ фотографија/ Дехран Муратов
„Со оглед дека се работи за финансиска поддршка на најранлива категорија на граѓани во пресрет на економската криза и на енергетската криза, верувам дека и опозицијата нема да има опструкции во донесувањето на Законот, затоа што се работи за наши сограѓани, граѓани кои што час поскоро треба да ја добијат оваа финансиска поддршка од Владата“, порача Тренчевска.

ЦИВИЛ МЕДИА: Конкретно, како до помошта? Дали се поедноставени процедурите за доделување на помошта и кои се механизмите за достапност на институциите, особено во случаи на жалби на одлуките?

Тренчевска: Примателите на правата од социјална заштита се веќе во системот на Министерството за труд и социјална политика односно во центрите за социјална работа во општините каде што овие лица приматели на некое од правото на социјална заштита живеат, така што нема да има аплицирање за правото, туку врз основа на состојбата од септември 2022 година, сите оние кои што се вклучени во правото ќе ја добијат финансиската поддршка на своите трансакциски сметки. Истото важи и на примателите на пензија за пензионерите до 14.000 денари во системот се со состојбата септември 2022 година, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување ги има сите корисници, така да ќе бидат исплатени средствата преку Фондот на сметките на овие граѓани, и на правото согласно Законот за материјално обезбедување во системот на Агенцијата за вработување ги има сите оние кои што го остваруваат ова право“, рече Тренчевска.

Така се олеснува всушност и процедурата, вели таа, се забрзува процедурата, затоа што веќе во системот ние веќе ги имаме корисниците.

Околу механизмите за достава на помошта, министерката прецизира дека практично и да нема посебна процедура.

ЦИВИЛ МЕДИА: На кој начин ќе ги информирате граѓаните на кои им е определена финансиска помош (мејл, смс пораки, јавен список)? Дали пензионерите треба да аплицираат за помошта или таа автоматски ќе им пристигнува на сметките?

Тренчевска: Многу се едноставни процедурите. Со оглед на тоа дека учиме од минатото (КОВИД пандемијата, н.з.), учиме од нашето искуство во спроведувањето на мерки и политики, и токму затоа за што поскоро да дојде финансиската поддршка до граѓаните, процедурите ги направивме многу едноставни, да нема аплицирање туку секој оној кој што остварува право од социјална заштита кој што е дел од антикризните мерки, да ги добие, нема потреба да аплицира, нема потреба да се јавува во институциите, туку ќе ја добие финансиската поддршка на својата сметка, зависно од тоа во која целна група припаѓа“, рече Тренчевска.

Таа вели дека имињата на примателите на помош ќе бидат објавени на веб страниците на институциите кои се вклучени во распределбата на помошта.

„Ќе бидат објавени јавно на веб страниците на институциите, Министерство за труд и социјална политика, на Агенцијата за вработување, на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, списоци на сите оние граѓани кои што се вклучени во антикризните мерки согласно системот со кој располагаме како институции. Како што реков и согласно состојбата на примателите на било кое право дали се работи за социјална заштита, за пензија, или за материјално обезбедување согласно системот со кој што располагаат овие институции и согласно последната состојба септември 2022 година кога овие права беа исплатувани. Списоците ќе бидат достапни јавно за да си проверат граѓаните“, појасни министерката.

ЦИВИЛ МЕДИА: Сметате ли дека донесениот пакет мерки е доволен за да се ублажат последиците од економско-енергетската криза? Граѓаните веќе ги направија пресметките, на пример, со помошта од 3.000 денари, се добиваат по 100 денари дневно.

Тренчевска: Тоа е поддршка на приходите или на средствата со кои што располагаат граѓаните. Значи тоа се дополнителни средства, тоа не се средства со 3000 денари кои што им се единствен приход на граѓаните, затоа што сите овие права си имаат одреден износ колку се исплаќа секој месец, дали се работи за социјално право, дали се работи за пензионерите или пак за стечајните работници, и дополнително на приходот кои што они го имаат, по 3000 денари месечно“, посочи Тренчевска.

Министерката посочи вели дека и покрај желбата за доделување повеќе средства за ранливите категории на граѓани, владата и институциите мора да внимаваат и на стабилноста на буџетот на државата.

„Можеби во услови на криза како Влада и глобално сите влади кои ги носат антикризните мерки сакаат и повеќе да дадат, но секоја влада и секоја институција согласно финансиските ресурси определува колку помош ќе даде на одредена целна група а да не се доведе во прашање стабилноста на буџетот во државата. Верувам дека овие 3000 денари месечно на граѓаните ќе им бидат навистина добредојдени во овој период на економска и енергетска криза и секако како Влада не застануваме само на овој сет мерки согласно потребата потребите на граѓаните, согласно анализите на состојбата во државата, во наредниот период сигурно ќе има и други мерки за поддршка, за сите заедно излеземе од оваа криза“, посочи Тренчевска.

ЦИВИЛ МЕДИА: Како Министерството учествува во промоцијата на мултикултурализмот и на кој начин помага во надминувањето на дискриминацијата, предрасудите и стереотипите?

Тренчевска: Концептот ‘Едно општество за сите’ е концепт кон кој сме посветени силно како Влада а особено како Министерство за труд и социјална политика каде што прашањето на креирање на политики од областа на еднаквоста и недискриминацијата е наша надлежност. И донесувањето на Законот за заштита и спречување на дискриминација е токму заложба на Владата и на Министерството за труд и социјална политика, дека навистина за нас уживањето на човековите права, живот без дискриминација, почитување на различностите на граѓаните, затоа што сите ние имаме карактеристики кои што се различни, но како општество не прави таа различност многу побогати, и од тој аспект и законот и останатите стратешки документи, стратегија за еднаквост и недискриминација, стратегија за родова еднаквост, се токму заложби преку кои покажуваме дека навистина посветуваме внимание на концептот на еднаквост и недискриминација и на концептот ‘Едно општество за сите’, вели министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска во интервју за ЦИВИЛ.

„Секој граѓанин треба да има еднакви можности и еднаков пристап до сите ресурси во општеството без разлика на неговите индивидуални карактеристики. Она што во моментов го правиме е токму подготвката на стратегијата за еднаквост и недискриминација во која што се вклучени претставници од сите релевантни институции и од граѓанските организации се со цел да креираме политики и спроведуваме активности кои што навистина ќе даваат придонес кон спроведувањето на концептот „Едно општество за сите“. Стратегијата за еднаквост и недискриминација е една од заложбите на концептот „Едно општество за сите“, порача Тренчевска.

Последни вести