Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Владата и институциите лредводени од СДСМ преземаат навремени и ефикасни мерки за справување со последиците од економската и енергетската криза.
Донесен е пакет антикризни мерки од над 350 милиони евра, пари со кои ќе се помогнат граѓаните во време на економска криза.
Над 200.000 граѓани од ранливите категории, меѓу кои примателите на гарантирана минимална помош, пензионери со ниски пензии, самохрани родители, стечајци, ќе добиваат финансиска поддршка во следите четири месеци.
Се проширува поддршката на компании кои се корисници на кредитно – гарантната шема од Гарантниот фонд на Развојната банка, тука е и нова кредитна линија за поддршка на ликвидноста на микро, мали и средни трговски друштва, како и зголемен поврат на ДДВ со скратен рок од помалку од 30 дена.
Наскоро ќе биде објавен и пакет мерки за компаниите кои произведуваат основни продукти, како леб, масло за јадење и слично.
Во време на најголема светка економска криза, никој нема да биде оставен сам.
За неполна година, Владата предеводена од СДСМ обезбеди мерки за помош во вредност од над 750 милиони евра, што е најголем обем на помош како процент од БДП споредено со останатите земји од Западен Балкан.
СДСМ на дело покажува што значи вистинска грижа за граѓаните, јавноста да биде спокојна, во претстојаната зима ќе има доволно храна и енергија за сите.
Поддршката за граѓаните и компаниите продолжува за време за целиот кризен период.