МОЖЕШЕ, но неразумноста победи.
МОЖЕШЕ во Собранието да се изгласа заемот од ЕБОР од 100 милиони евра, кој имаше намена за одржување на ликвидноста на државниот производител на електрична енергија, ЕСМ, што во оваа криза не треба да потенцираме колку е важно.
МОЖЕШЕ сега да го користиме овој поволен заем од ЕБОР, со камата под 1%, шест месеци грејс период и шест години рок на отплата да имаме јасен, предвидлив и одржлив план.
можеше, но за жал нема.
Опозицијата не го изгласа во Собранието. Кочејќи го ја загрози стабилноста во производството и снабдувањето со електрична енергија за нашите граѓани. Граѓаните ќе бидат обезбедени, но за тоа сега државата треба да прави дополнителни пренамени со кои ќе се сервисираат потребите на ЕСМ за секојдневно работење.
МОЖЕШЕ досега да започне со имплементација современиот систем за јавен транспорт во Скопје, т.н. БРТ (Bus Rapid Transport), кој ќе значи долгорочно решавање на проблемот со сообраќајот, и во голем дел, загадувањето во нашиот главен град.
можеше, но за жал, не е.
На веќе готов проект и одобрени средства од ЕБОР, одлуката на градоначалничката на Скопје за блокирање на овој проект е повеќе од неразумна. Не може човек а да не каже дека се работи за личен каприц и немање идеја за развојот на градот.
МОЖЕШЕ да биде започната работата за изградба на пречистителната станица за отпадни води во Скопје. Проект чија реализација ја чекаме со години. На потпишан договор, изгласан закон за задолжување, овој проект веќе можеше да биде започнат.
можеше, но за жал, не е.
Место тоа следиме повеќе месечна недолична расправа која го руши достоинството и на медиумска дискусија како и несоодветни расправи во Советот на град Скопје со меѓусебни обвинувања помеѓу членови на советот во град Скопје на ВМРО – ДПМНЕ и градоначалничката.
МОЖЕМЕ и имаме обврска и одговорност сите да работиме за граѓаните.
можеме, но за жал, кај опозицијата тоа не е приоритет.
Затоа, само поради овие три работи кои ги набројав, нашиот граѓанин секое утро издвојува 2 до 3 пати повеќе време да стигне на работното место, да ги однесе децата до училиште, до градинка… Отпадните фекални води од цело Скопје кои и ден денес целосно се влеваат во Вардар продолжуваат по своето течение до границата со Грција и се до вливот во Егејско Море, без притоа да бидат прочистени на излезот од Скопје, според сите стандарди за заштита на животната средина како во секој поголем град во Европска Унија.
За жал, определбата за приклучување кон Европската Унија кај опозицијата е само на хартија, бидејќи на дело не се покажува. Што впрочем беше посочено и во последниот извештај на ЕУ, каде посочија кон ВМРО-ДПМНЕ како еден од главните општествени кочничари на интегративниот процес.
Или опозицијата е главен кончничар на подобар живот на сите нас, модерен систем за јавен превоз, прочистителна станица по сите светски стандарди, стабилност на електроенергетскиот систем преку кредитите од ЕБОР кои не се наменети ниту за СДСМ, ниту за ДПМНЕ, ниту за некој поединец, затоа што нивната намена е за подобар живот за сите наши граѓани во нашата држава.
МОЖЕШЕ и ПЕМ ратификацијата да се случи и пред први јули, но само доколку разумот, разбирањето на проблемите на бизнисот, и животот на граѓаните беа на прво место.
Можеше, но за жал, не се случи.
Со новите транзициони преференцијални правила, нашите компании можеше да не ја губат својата конкурентност изминативе четири месеци, ниту пак дел од нив да се двоумат дали да продолжат со своите инвестициски планови, кои значат нови вработувања и подобар живот за сите нас.
Можеше, но за жал, разумот не преовлада.