fbpx

Зечевиќ од Крушево: Европската иднина го реализира македонскиот идеал на револуционерите и партизаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Европската иднина го реализира вековниот идел, стремеж и борба на нашите херои, предвесници и основоположници на македонското ослободително движење, нашите револуционери и партизани. Тоа е идеалот, за слободна, самостојна македонска држава, со признаен македонски идентитет и обезбедена македонска иднина за век и навек, рече генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ на средба со членови и симпатизери на партијата од општинската организација во Крушево.

Зечевиќ повика на обединување и заедништво во кревање на современиот македонизам на ниво на општествен, колективен одговор за поддршка на европската иднина на државата.

-Да се обединиме околу европската иднина. За горда, достоинствена и побогата европска Македонија. Тоа е нашата национална цел. Хероите револуционери, од првата Крушевска Република како предвесници на македонското ослободително движење, преку делото на хериоите од НОБ го поставиле тој идеал многу одамна. Европска Македонија во европското семејство, рамноправна, достоинствена, со сите македонски национални обележја и признаен македонски иденитет е остварување на сон кој го сонувале просветители, преродбеници, илинденци, социјалисти и антифашисти. СДСМ е подготвена да води на тој пат но ни треба поддршката од сите, ова е огромна, национална и државна цел која само здружени може да ја оствариме, рече генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ.

Последни вести