Новата визија за Скопје
Месеци наназад Скопје и скопјани не слушаат ништо позитивно. Секој ден моето Скопје како
полека да изумира и без никаков план и идеја како да се излезе од целото сивило во кое сме
западнати. Проблемите од секојдневното тешко живеење надополнети со енергетска/воена
криза како да не се доволни, па дополнително ни требаше целосната нефункционалност на
основните услуги на градот. И така лудилото кое го живееме ги тера скопјани да мислат како
да заминат од државата надевајќи се на подобро утре во нечиjа туѓа земја, работејќи за туѓи
интереси, за да си обезебедат себеси и на својата фамилија ништо повеќе од еден пристоен,
нормален живот, наместо да мислат како да си го подобрат квалитетот на животот тука во
Скопје. Затоа на Скопје му треба нов дух, нова визија која ќе го надмине сето ова што му се
случува денес на Скопје.
Но, за да се создаде нова визија која ќе го спаси Скопје, треба да се изгради платформа која
пред сè ќе биде надпартиска и професионална, бидејќи не постои личност или партија која
може сам/а да направи еден таков пресврт. Верувам дека секој еден скопјанец кој му мисли
добро на својот град ќе одвои барем малку време за да си создаде поубаво место за живење и
верувам дека секој скопјанец своето знаење би го вложил за да успее да си ги задржи своите
деца да останат да живеат во Скопје.
ШЕСТ ТОЧКИ ЗА СПАС НА СКОПЈЕ
Бидејќи на сите ни е доста од меѓусебните обвинувања и префрлања на вината од еден на
друг, решив да поставам основи на платформата која секако понатаму може да биде
модифицирана и адаптирана, но во основа ќе ја изврши истата функција, ќе го направи Скопје
поубаво место за живеење.
1. НОВА СИСТЕМАТИЗАЦИЈА И РЕОРГАНИЗАЦИЈА НА СИТЕ ЈАВНИ ИНСТИТУЦИИ ВО СКЛОП НА
ГРАД СКОПЈЕ
a. Превработеноста во скопските јавни институции не е само финасиски проблем за градот и
неговите претпријатија, туку од преголема администрација станува системот тромав и
нефункционален. За таа цел потребна е целосна нова систематизација, отстранување на
нефункционални делови од претпријатијата и за истите да се направи јавно приватно
партнерство.
b. Дигитализација како основа на новата систематизација. Скопје и скопјани заслужуваат сите
јавни услуги да ги добиваат електронски и истите да се афтоматизираат до тој степен со што
човечкиот фактор при одлучување да не постои или да биде минимален.
c. Воведување МЕРИТ систем на сите нивоа при избор на кадри за вработување, вклучително и
при изборот на директор. Крајно време е да се стави крај на делење на директорски места по
партиски клуч.
2. УРБАНИЗАМ ПО СТАНДАРДИ
a. Намалување на можноста да се згуснува населението во централното градско подрачје и
ширење на градот.
b. Проектирање на новите делови на градот по квартови и обезбедување простор за јавни
институции (градинка, полициска станица, парк, школо…) во секој кварт.
c. При планирањето јавниот интерес ќе се стави пред приватниот интерес при што хуманото
живеење ќе биде ставено како прв приоритет при урбанизацијата.
d. Поделба на градот на резидентни зони и комерцијални зони. Во резиднетните зони да се
забрани отворање на кафулиња и ноќни клубови бидејќи истите го нарушуваат јавниот ред и
мир. Комерцијалните зони да се направат надвор од централното градско подрачје или во
склоп на комерцијални објекти со што нема да представуваат никаков проблем за нормалното
функционирање на жителите.
3. ИНФРАСТРУКТУРА И МОБИЛНОСТ
a. БРТ како основа за нов јавен градски превоз не е само концепт, туку е во фаза на
реализација. Не постои подобар начин за решавање на моменталниот хаос во јавниот превоз
кој патем речено е и најголемиот загубар на Град Скопје.
b. Паркингот е навидум наједноставен проблем, но во суштина е можеби и најголемиот
проблем. За да се реши паркирањето мора да се реши јавниот градски превоз. Потребно е
паметно решение за паркирање кое ќе биде лоцирано на двата краја од двете линии на БРТ со
тоа што билетот за паркирање да служи и како карта за возење со ЈСП.
c. Сообраќајните решенија низ цел град да бидат спроведени така што ќе се стандардизираат
местата за улично паркирање при што приоритет треба да имаат пешаци, потоа алтернативен
превоз и ако има простор да се овозможи и простор за паркирање.
Продолжува…