Сега не гледам причина за лидерска средба, можеби понатаму ќе се јави потреба. Институциите делуваат сосема соодветно за справување со кризата, тоа го потврдуваат и граѓаните и релевантните меѓународни претставници. Навистина, не е важна политичката кариера на лидерот на опозицијата, важни се граѓаните. Прво здравје и живот, после политика, вели претседателот на СДСМ , Зоран Заев, во интервју за „Независен“.
Раководството на партијата ја поддржа иницијативата на пратениците на СДСМ за свикување на Собранието. Мотивот е чисто демократски, нема во него заднина, вели претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во интервју за „Независен“.
Тој вели дека е рано да се зборува за избори, затоа што државата е целосно посветена на борбата против корона вирусот.
„Избори ќе се случат кога ќе ја победиме оваа криза и општеството ќе биде подготвено за тоа“, нагласува Заев. Тој не верува дека Бугарија ќе застане на патот на нашата интеграција во ЕУ, имајќи ја превид досегашната силна поддршка. Заев убедува дека пензиите и социјалните трансфери се целосно сигурни.
Целото интервју прочитајте го на следниот ЛИНК.