fbpx

Фирмите погодени од кризата ослободени од плаќање на износот на аконтациите на данок на добивка за март, април и мај

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Продолжува реализација на мерките и политиките на Владата што имаат за цел полесно и побрзо надминување на финансиската криза предизвикана од коронавирусот.
 
Владата донесе и Уредба со законска сила за примена на законот за данокот на личен доход за време на вонредна состојба. Со оваа Уредба се предвидува ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на личен доход за месеците март, април и мај 2020 година.
 
Истовремено, донесена е и Уредба која обезбедува ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данок на добивка за месеците март, април и мај 2020 година.
 
Ослободувањето од плаќање на аконтациите на данок на добивка се однесува на правните лица кои вршат угостителска дејност, дејност на туризам или транспорт и други компании кои имаат претрпено штети во своето работење поради спроведување на мерките за справување со КОВИД–19.
 
Оваа помош ќе им помигне на компаниите полесно да ја пребродат кризата, а нејзината реализација ќе се одвива по строго дефинирани критериуми кои важат за сите. 
 
Кризата со коронавирусот остава сериозни последици врз економијата на глобално ниво. Затоа преземаме навремени и одговорни решенија за помош и поддршка на домашната економија.
 
Продолжуваме да работиме одговорно, посветено за заштита на секое работно место, затоа што за нас секој е важен.
Последни вести