Интервју со проф. д-р Ана Чупеска
1. Како го дефинирате мултикултурализмот и што претставува во контекст на денешните општествени и политички текови?
Мултикултурализмот е социјален, општествен факт. Во светот не постојат етнички хомогени илинкултурно истоветни општества. Сите општества се мултикултурни, но, сите држави не такви. Некои од државите го признаваат тој факт за општесвената мултикултуралност, и ги адаптираат своите политички системи во согласнот со таа културна раличност, додека други држави, го негираат; па индуцираат присилна културна хомогенизација на културите , а со тоа и асимилација на момалите култури во доминантната култура. Северна Македонија не е за среќа таква држава, туку во рамикте на својот политички систем и нормативно, и инстутуционално применува модел на либерална мултикултурна акомодација, низ низа уставни решенија кои произлегуваат од Охридскиот Рамковен Договор од 2001.
2. Стратегија за зајакнување на социјалната кохезија ИЛИ користење на неговата комплексност за да создавање поделби, но и манипулирање на јавното мислење за остварување на целите на десните популисти, политичари?
Прашањето на мултикулрализмот, за општества на длабоки разлики е особено важно, прво од аспек на безбедноста; второ од аспек на субстантивна и инклузувна либерална демократија. Ова особено важи за Северна Македонија, имајќи го предвид конфликтот во 2001, чие решавање со ОРД успешно ги заокружи претходните два проблеми. Но,сепак, ова се оствари на ниво на политички систем, преку споделување на моќта (power shering) низ сите нивоа ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 23 04|2025 35на власт : хоризонтално и вертикално; како и низ етаблирање на принципот за диференфијално граѓанство и пост – националната формулација на истото преку Преспанскиот договор; и секако низ принципите за гарантирано претставување на различните културни идентитети , групно специфичните права, редуктивното вето – бадентерово мнозинство. Имено, социјалната кохезија подразбира едно сосема друго ниво на меѓусебна социјална адаптација меѓу културите што делат ист простор, а тоа се остварува низ полтики на интеркултурализам.
Интеркултурализмот, затоа треба да добие свој рефлекс како додадена вредност кон нашиот модел на мултултурна акомодација; не да го замени, туку да овозможи поголема социјална кохезија.
За ова се потребни многу одговорни поотички елити, кои ќе треба да ги напуштат етнокорпоративините политички апели.
За жал десниот популизам (насекаде) па и кај нас, не престанува да ја иритира јавноста и да создава тенденциозни, суперматистички и етноцентрични нарации кои ги користи во мобилизација на гласови. Тоа е крајно неодговорно, во современите околности и останува предизвик за демократијата.
3. Кој е балансот меѓу заштитата на културната различност на посебните идентитети и одржувањето на отворено и инклузивно општество за сите?
Балснсот е секогаш врзан за човековите права и слободи. Тие имено се основниот фундамент врз кој што може да постои оджлив инклузивен и мултикутурен сетинг. Секој исчекор кој би ги предизвикал човековите права и слободи, е закана за одржливоста на демократските општества
4. Според вас, како се менуваат ставовите на младите генерации во однос на мултикултурализмот и десниот популизам? Дали младите се поотворени во поглед на овие прашања?
Ми се чини дека младите денес се соочени со една силна етноцентрична пропаганда, која е во спротивност со социјалната реланост за културната различност. На друго ниво, младите како никогаш до сега не биле во тек со глобалните состојби; ним им се достапни сите информации за светот во неговата потполност и различност; и имајќи ги предвид овие две позиции сметам дека се наоѓаат во состојба на амбиваленција, во врска со овие прашања. Не им е лесно.
5. Дали мултикултурализмот може да осигура економски и социјален просперитет во општества со различни културни позадини?
Услов за економско социјален просперитет е демократијата и нејзината резилиентност и отпор од автокрстски и популистички тенденции. И ако го земеме во предвид фактот дека услов за демократски развој е и одржлив политички систем кој има капацитет да акомодира длабоки разлики низ своите институции тогаш со сигурност можеме да ја повлечеме паралелата поставена погоре во прашањето. Одговорот е ДА.
6. Како мултикултурализмот може да одговори на новите геополитички и економски предизвици, глобализација и климатски миграции и ШТО ПОНАТАМУ?
Мултикултирализмот, е само едно од решенијата во ситемот на повеќеслојни одговори на глобалните предизвици. Мултилатерализмот е другото решение.
За нас што живееме во Европа, решенијата се поврзани со стабилен регионализам, асоцирање со ЕУ и во силна полтичка заедница со современите и отпорни демократии и трансатлатизмот (НАТО).
Ова би рекла е базичен минимум за опстанок во околности на глобален и засилен динаминам.