fbpx

Заев од Дојран: Го чуваме Дојранското Езеро и со нашите партнери од ЕУ вложуваме во еко-држава

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

„До 2021 ќе изготвиме мерки за санација и реконструкција на колекторот и пречистителна станица во Дојран во вредност од 60 милиони денари, а со финализација на изградбата на браната Конско ќе се обезбеди навремен дотур на вода до Дојранското езеро. Важно е да се чува еко-средината во езерото и околу езерото, за да имаме развој на туризмот во Дојран“, рече претседателот Заев на денешната посета во Дојран.

При посетата во Дојран претседателот Заев направи увид во изведба на градежни работи за изградба на научно едукативен центар во Дојран, финансиран од ЕУ во вредност од 5 милиони евра, како и на градежните работи за партерно и хортикултурно уредување на градскиот парк во Дојран со површина 35 илјади метри квадратни и финансиска помош од ЕУ и Светска банка преку Проектот за локална и регионална конкурентност и Општина Дојран.

„Проектот Еко држава е петтиот важен столб во програмата на СДСМ и коалицијата „Можеме“ и првите две години од мандатот ќе бидат посветени на планско, но и интензивно зазеленување на државата“, заклучи Заев.

https://youtu.be/mBumukAs_jk

 

Последни вести