fbpx

Спасовски во интервју за ТВ Феста: Куманово не постоеше на агендата на режимската власт, денес забрзано се гради и ќе придонесува во развојната економија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Носителот на листа во ИЕ2, Оливер Спасовски, синоќа во своето родно Куманово во интервју за локалната ТВ Феста зборуваше за тоа зошто токму коалицијата Можеме треба да ја добие поддршката од граѓаните во ИЕ2 и ширум државата, што е направено за Куманово и ИЕ2, што е разликата меѓу прогресивниот концепт на стабилност, економија, иднина и просперитет и интеграција и опасноста на обнова на режимот која ја носи со себе ВМРО-ДПМНЕ.

„Имаме сосема спротивни концепти како политички опции. Коалицијата Можеме предводена од СДСМ, нуди сигурност на граѓаните, има јасна визија за иднината, со остварени две стратешки прашања, влеговме во НАТО, отворивме преговори со Европска Унија, а наспроти тоа имаме истото тоа што го имавме до 2017 година. Го имаме Груевски којшто е обновен во Мицкоски, го имаме истиот Владо Мисајловски како носител на нивната листа, а беше слуга на Груевски. Едноставно нивниот концепт е опасност, наспроти нашиот кој носи сигурност“, потенцираше Спасовски.

На прашањето за Куманово тој истакна дека има огромен број аргументи зошто поддршката на граѓаните треба да ја добие тој и пратеничката листа од коалицијата Можеме со заокружување на бројот 3.

„Куманово во времето на режимот беше целосно запоставено и воопшто не постоеше на агендата за проекти од страна на тогашната режимска власт. Куманово како најголема општина во државата дава и даваше голем процент од даноците во државата, а за возврат не добиваше ништо. Сега истите тие луѓе кои што беа во времето на режимот, коишто не одделуваа ниту еден денар едноставно не можат и не смеат да бараат поддршка за некаква реализација на проекти бидејќи што реално би понудиле. Понудата би била враќање единствено на режимот“, ги објасни ефектите од владеењето на претходната режимска власт врз Куманово и околината.

Во однос на на сработеното за овие две и пол години Спасовски истакна дека како Влада помогнале и успеале за Куманово и регионот скоро сите регионални патишта околу Куманово коишто повеќе од 40 години и не биле реконструирани да се реконструираат од кои повеќето се готови, а одреден дел во реализација. Тој ги истакна патните правци Куманово – Свети Николе, Куманово – Никуштак, Куманово – Опае – Слупчане – Белановце кои се целосно реконструирани, Куманово – Крива Паланка, регионалноиот пат од село Војник до Страцин и Страцин – Крива Паланка – граничен премин Деве Баир како главни патни инфраструктурни артерии коишто ќе креираат можност за развој на целиот овој регион.

„Направивме три училишни спортски сали, едната за економското училиште, втората е во училиштето во Черкезе и третата сала е за техничкото училиште. Градиме фекална канализација во село Тромеѓе, изградивме фекална канализација во село Речица, во тек е постапката пред Министерството за транспорт и врски за промена на сите водомери во општина Куманово. После 50 години е започната реконструкција на познатиот „Искрин мост“ која ќе чини околу 2 милиони евра“, потенцираше Спасовки дел од другите инфраструктурни проекти во Куманово и околината.

На прашање со кои нови проекти ќе тој и коалицијата Можеме ја бара поддршката од избирачите во изборна единица 2 тој нагласи дека веќе завршените работи и проекти креираат одреден кредибилитет за пред граѓаните да излезете со уште подобри проекти и поквалитетна програма за тој кредибилитет да го оправдате и унапредите, довербата да стане практика и да продолжи да расте.

„Нашата програма ја базираме силно на економијата. Предвидуваме да продолжи растот на платите. Минималната плата да ја зголемиме на 20.000 денари од сегашните 14.500 денари во следните четири години, а просечната плата да се зголеми од 27.000 на 34.000 со поддрша и помош којашто ја дава државата. Ќе имаме 600 милиони евра поддршка на домашните и странските инвестиции и ќе продолжиме со исто силно темпо и во инфраструктурата. Во изминатиот период градевме многу и продолжуваме во тој дел да инвестираме во она што најнепосредно го подобрува квалитетот на животот на граѓаните. Владата ќе додели 50 милиони евра на општините за градба на локални патишта а од нив се планирани 1.6 милиони евра за Куманово за градба на локални патишта во градот и селата“, објасни носителот Спасовски.

Тој истакна неколку проекти кои се планираат а кои ќе бидат многу значајни за градот.

„Прво не случајно избрав оваа интервју да го дадам пред нашата позната „Соколана“ којашто е гордост на градот и којашто во изминатите 30 години не беше направено ништо таа да се санира и да се врати на спортистите и младината. Определени се финансиските средства, започната е постапката пред Агенцијата за млади и спорт за целосно уредување на овој комплекс, уредување на игралиштата и целосно партерно уредување. Граѓаните на овој дел од градот ќе добијат прекрасно спортско место за уживање. Втор објект кој ќе го поддржи Владата е да се реконструира спортската сала во Куманово и веќе првите финансиски средва се дедицирани за постапката за распишување на тендер за целосната реконструкција. Третиот крупен проект ќе биде целосна реконструкција на Спомен Костурницата бидејќи тоа е проект кој што ја спојува историјата и иднината на Куманово и ги обединува сите. Четврти важен проект е гимназијата „Сами Фрашери“ да се премести во поранешната касарна „Христијан Тодоровски-Карпош“. Се планираат уште две градинки во населбите „Тодемен дол“ и „Перо Чичо“ и унапредување на инфраструктурата на индустриската зона „Речица“, наброи само дел од планираните проекти Спасовски.

Во насока за грижа за младите и спречувањето на нивното исселување тој истакна дека основните постулати кои ги бараат сите млади безбедноста и извесната иднина се остварени преку влегувањето во НАТО и отворањето на преговорите со ЕУ и со тоа отворање на фондови од над 2.5 милијарди за јакнење на економијата, инфраструктурата и институциите што реално го бараат сите граѓани посебно младите. Тој го истакна младинскиот додаток од 3.000 денари и Младинската гаранција како поддршка за младите и посебно го истакна враќањето на персоналниот данок за млади вработени којшто се планира.

„Секој млад човек до 29 години којшто ќе се вработи, државата ќе му го врати персоналниот данок директно на неговата сметка што ќе биде силна дополна и мотивација за нив, а со тоа јакнење на целата економија. Од проектот спортски сали од 100-тина ппланирани изградивме веќе шеесеттина, над 44 градинки се изградени за овој период“ – истакна дел од проектите за младите и најмладите Спасовски.

На прашање за првата предизборна коалиција со Беса, Спасовски ја окарактеризира како политичка авангарда и сериозен исчекор напред и сериозен одговор на сите националистички приказни и идеи кои треба да останат во минатото.

„Времето на национализмот помина. Времето на поделби помина. Времето на мрачниот режим помина. Мрачните времиња коишто ги претставуваа Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да се надеваат дека повторно низ националистички приказни ќе ни ја искриват перцепцијата што е државата и како треба да ја градиме.

Еден од најпрогресивните и најавангардни градови во тој дел е Куманово кој има најмногу вложено и покажано во добрите односи по сите основи.“

Во својата финална порака тој повторно повика на почитување и придржување до мерките за спречување на коронавирусот КОВИД-19 и ги повика граѓаните масовно да учестуваат во изборниот процес.

„Секој граѓанин во овие тешки и специфични моменти за државата има можност да направи се што е можно да се вложи да ги вратиме институциите на системот. Ние сме единствена држава во светот која нема собрание коешто може да носи одлуки, да носи закони и решенија во интерес на граѓаните. За нас е многу важно овие институции да бидат ефикасни да се справуваме со здравствената криза. Апелирам до сите граѓаните на Куманово околината, ИЕ2 и државата да излезат што помасовно и да ја земат судбината на одлучувањето во свои раце. Покажавме во изминатиот период дека знаеме да носиме храбри и важни одлуки, да се грижиме за граѓаните и идниата на државата. Тоа е доволна порака да изберат страна со јасна визија, просперитет, европска иднина, држава која е на сите и ги поканувам граѓаните на 15-ти јули во масовен број и да дадат поддршка на коалицијата МОЖЕМЕ и да заокружат број 3“, рече Спасовски во даденото интервју.

https://www.facebook.com/watch/?v=12079219428

https://www.facebook.com/o.spasovski/videos/1207921942882168/?vh=e&d=n

 

Последни вести