fbpx

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ги потценуваат граѓаните, немаат концепт и нудат само обнова на режимот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Оваа изборна кампања, повторно јасно и прецизно ја покажа разликата меѓу СДСМ и коалицијата Можеме и ВМРО-ДПМНЕ.

Од една страна е нашиот концепт што води напред, нашата Програма и понуда, нашите решенија за граѓаните, кои се темелни, јасни и целосно разработени.

Од другата страна имаме само црнила, без концепт, без визија, само понуда за обнова на режимот, обнова на поделбите.

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски ги потценуваат граѓаните, не ги знаат нивните проблеми, не ги интересираат нивните потреби.

Тоа го гледаме во изминатите три години, го гледаме во кампањата, а го гледаме и во нивната изборна програма.

Програмата на ВМРО-ДПМНЕ со која Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ толку се фалат во суштина не е ништо освен лоша содржина, полна со небулози, нереални проекти и лицемерни и задоцнети ветувања.

ВМРО-ДПМНЕ денес ветува 20.000 евра грантови за млади земјоделци, ветува решавање на долговите на општините, ветува ратификација на Истанбулската конвенција, а сите овие работи се веќе завршени од Владата и парламентарното мнозинство на СДСМ.

Уште еден од многуте докази дека ВМРО-ДПМНЕ работи против граѓаните е нивното ветување за нови концесии за рудници. СДСМ и граѓаните со години се бореа да нема опасни рудници, а ВМРО-ДПМНЕ денес пак ги ветува рудниците на смртта.

За ВМРО-ДПМНЕ профитот е секогаш пред здравјето на граѓаните, пред заштитата на животната средина.

Најлицемерното ветување на ВМРО-ДПМНЕ во нивната таканаречена Обнова е ветувањето за нулта толеранција за корупција и ветувањето за владеење на правото.

Денес, нулта толеранција нуди Мицкоски кои секојдневно кршеше мерки и забрани за заштита од коронавирусот, нуди Игор за кого слушаме како ќе тепал жени ќе убивал луѓе. Владеење на правото нудат Милошоски кој бега од судски доставувачи и Игор Дурловски кој предводеше толпа спремна да убие на 27 април во Собранието.

Тоа е нечесна, неискрена и несериозна понуда, тоа е понуда за обнова на режимот.

Граѓаните на 15 јули ќе ја дадат вистинската оцена за оваа понуда, за овој пристап на ВМРО-ДПМНЕ.

На 15 јули граѓаните масовно ќе застанат зад СДСМ и коалицијата „Можеме“ и ќе му испорачаат нов пораз на незрелиот Мицкоски и нереформираното ВМРО-ДПМНЕ.

Последни вести