fbpx

Откако го запустија Истокот, Јанушев и ВМРО-ДПМНЕ денес шират само лажни вести, на 15 јули граѓаните целосно ќе расчистат со остатоците од режимот на Груевски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност- реакција на Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ

Извршителите на Никола Груевски, Христијан Мицкоски и Игор Јанушев уште еднаш потврдуваат дека единствено што знаат е да шират лажни вести и бесрамно да ги манипулираат граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ е фејк-њуз партија заглавена во режимска матрица.

Откако режимот на ВМРО-ДПМНЕ предводен од Груевски и неговите извршители Мицкоски и Јанушев го запустија и целосно го изолираа Источниот регион, денес од оваа партија знаат само да шират лажни вести и не нудат ништо конкретно за граѓаните.

Граѓаните за само две и пол години видоа што значи вистинска грижа за нив, за Истокот и за целата држава.

На Истокот се гради како никогаш досега. Три од четирите експресни патишта се градат на Истокот. Од Штип до Радовиш, од Штип до Кочани, од Куманово до Крива Паланка граѓаните ќе патуваат по модерен, брз и безбеден пат.

Се градат регионални и локални патишта, во секое село, во секое населено место, нешто што беше незамисливо за време на 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

Се инвестира во патишта, се инвестира во граѓаните. Парите се враќаат кај граѓаните, се покачуваат плати, пензии, нешто што е несфатливо за Јанушев и за неговите партнери во криминалот.

Граѓаните знаат дека за Јанушев и за ВМРО-ДПМНЕ барокот е поважен од граѓаните, сметките на Белизе се поважни од платите и пензиите, врбите и галиите се поважни од стечајците.

Затоа на 15 јули и од Истокот и од целата држава граѓаните ќе се определат за Коалицијата „Можеме“ која носи европска иднина и целосно ќе расчистат со остатоците на режимот на Груевски.

Последни вести