fbpx

Царовска на средба со жителите на Кале: Инвестираме во најранливите, вистински се грижиме за сите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Мила Царовска, носителка на листа на пратеници во ИЕ 1, попладнето се сретна со жителите на Кале. На средбата Царовска разговараше за сработеното до сега и за она што го нуди предизборната програма на коалицијата “Можеже”.

“Ве повикувам на 15 јули да гласате за СДСМ. Како социјал – демократи веруваме во праведност и праведно општество. Затоа во следниот мандат минималната плата ја зголемуваме до 40%, а присечната плата до 30%. Минималната пензија ја зголемуваме на 10.700 денари. Со ова инвестираме во најранливите” рече Царовска.

Царовска најави проширување на опфатот на социјалната помош на 34.000 домаќинства како и зголемување на опфатот на деца корисници на образовен и детски додаток.

“Изминатиот период ја намаливме стапката на невработеност кај младите лица и изнесува 35,3% споредено со 2016 кога беше 48,6%. Ова ни дава поттик и понатаму како политичка партија да креираме мерки кои ќе придонесат за зголемување на вработувањето на младите”, рече Царовска.

Последни вести