fbpx

Спасовски од Чаир: Да за сигурна иднина, пари кај граѓаните, во НАТО и ЕУ, Не за режимот кој краде и изолира и за национализмот што враќа назад

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски, се обрати во Чаир со пораката дека оваа општина покажува како се живее во Едно општество за сите, концепт што граѓаните Македонци, Албанци, Срби, Роми, Турци, Власи, Бошњаци, други, денес го градат во целата држава успешно и дека земјата продолжува по правиот евроатлантски пат, наместо изолирана и во поделби што ги правеше режимската власт на ВМРО-ДПМНЕ.

-Само политичари кои се грижат за сите може да донесат добро и на Чаир и на оваа држава. Режимот на ВМРО-ДПМНЕ не е решение затоа што мисли само на себе, крадат, рушат се закануваат за државна помош, плати, пензии, граѓаните ги оставија во руини и во кал, додека тие крадеа за своите џебови и за нивната бела палата. Ни национализмот на ДУИ не е решение, бидејки искусивме дека националистичките политики не носат ништо добро на државата. ДУИ реши да оди на овие избори со национализам, бидејки нема што да им понуди на граѓаните, безидејни се после 17 години власт. Затоа е најдобро и ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да останат во опозиција, да се самообноват и на следните избори, ако успеат да се реформираат, можеби ќе имаат шанси кај граѓаните, порача Спасовски.

Тој зборуваше за политиките на градење мостови што ги отворија перспективите во НАТО и ЕУ, со што е осигурана државата и дека тоа отвора пат во наредниот период да се посветиме уште повеќе на силен економски развој.

-Влеговме во НАТО, можеме и во ЕУ. Најавувам дека во следните 4 години ќе отвориме 80% од поглавјата за интеграција во ЕУ, а за 5 – 6 години ќе го затвориме преговарачкиот процес.

Од европските фондови обезбедуваме 2,5 милијарди евра за државата. Тоа се повеќе пари за справување со здравствената ситуација, за новата развојна економија, капитални инвестиции, земјоделство, канализации, патишта, водоводи. Тоа се европски пари за европски стандарди дома и опцијата за 15 јули е јасна:
СДСМ и коалицијата Можеме нуди луѓе кои земјата ја однесоа на прав пат, да продолжиме по овој пат, а ВМРО-ДПМНЕ ги нуди луѓето на Груевски, Мицкоски, Мисајловски…, кои нудат обнова на режимот, рече Спасовски.

Тој рече и дека со водството на СДСМ и Можеме продолжува концептот за повеќе пари кај граѓаните, за поголем економски стандард на сите.

– Минималната плата ја зголемивме на 14.500 а до крајот на мандатот ќе достине до 20.000 денари што е дури 120% повеќе од 9-те илјади денари во времето на ВМРО-ДПМНЕ. Ќе расте и просечната плата – до крајот на мандатот да биде до 34.000 денари.
Со тоа платите во сите сектори ќе продолжат да растат. За две и пол години пензиите пораснаа за речиси 1.800 денари и ќе има постојан раст и во следните 4 години. Предвидуваме раст од најмалку 21 отсто на најниските пензии и минимална пензија од најмалку 10.700 денари до крајот на мандатот. ВМРО-ДПМНЕ беше против секое зголемување на платите и пензиите досега. Донесовме три пакети мерки за поддршка на економијата, за спас на работните места и јакнење на приватната потрошувачка, а најавуваме и четврти сет мерки. ВМРО-ДПМНЕ гледаше само како да украде пари од граѓаните, рече Спасовски.

Тој ги повика граѓаните да излезат да гласаат јасно истакнувајќи ги разликите меѓу демократското и просперитетно владеење на СДСМ со режимот кој го креираше ВМРО-ДПМНЕ.

„На 15.јули изборот е едноставен: Не за опасниот режим кој краде и меѓународно изолира и за национализмот што враќа назад, Да за сигурна иднина, пари кај граѓаните, Република Северна Македонија во НАТО и ЕУ. Ова се многу важни избори, за сигурна иднина и брза развојна еконономија, за уште повеќе пари кај граѓаните и безбедна иднина – гласаме за број 3 на 15.јули, порача Спасовски.

Последни вести