fbpx

Заев од Кавадарци: 800 милиони евра за директна финансиска поддршка за земјоделството во следните 4 години, за виното и грозјето имаме комплетно решение, можеме повеќе, можеме подобро

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

„Во следниот период субвенциите и поддршката за рурален развој ќе бидат 200 милиони евра годишно, 800 милиони евра за 4 години. Ова е вистинска поддршка, но ќе има и за новите сорти и за отворање на нови винарски визби, за да ја зголемиме дополнително побарувачката на грозјето. Оваа година драги кавадарчани око да не ви трепне, бидејќи ги имате Заев и СДСМ кои можат многу повеќе да сработат и за виното и за грозјето. Трите години бевме до вас и оваа година ќе бидеме до вас. Чесна власт, иако на 15 јули оди на избори а откупот е во септември, веќе во буџетот во април ставивме 5 милиони евра, тоа се 23 милиони килограми по 14 денари да ги откупиме сите. Или 7 денари да покриеме разлика на целото винско грозје и за смедервката и за вранецот. Имаме комплетно решение, нема потреба да стравувавте. Тоа никогаш не се случило во Тиквешијата. Ова е нашето богатство, нашето сонце и нашиот трудољубив народ“, кажа претседателот Заев во своето обраќање на граѓанската трибина во Кавадарци.

Тој рече дека државата им стои комплетно за сé на располагање на граѓаните и додаде дека Владата предводена од СДСМ покрила 1 милијарда и 200 милиони евра долгови оставени од ВМРО-ДПМНЕ за спомениците, палмите и галиите, исто така со 50 милиони државата им помогна на општините да се раздолжат и денеска да се на ниво од 1/4 од долговите што ги имаа.

„Зборуваа во земјоделството нели ако дојде Заев и СДСМ ќе ги укинеа субвенциите?! Не, не ги укинаа, ги укинаа на тие бандитите Камчевци и другите. И тие 30 милиони евра од големите компании ги пуштивме на индивидуалните земјоделци и сега имаме навремени субвенции, стигаат тогаш кога им требаат на земјоделците. Оваа година беше корона криза, а 95 % од субвенциите се исплатени и секогаш сме тука да слушнеме кога треба на народот веднаш да интервенираме“, заклучи претседателот Заев.

 

Последни вести