fbpx

Николовски за ТВ Сител: Источниот регион доживува пресврт, се работи домаќински, вратено е достоинството кај младите, ВМРО-ДПМНЕ со стари и истрошени кадри не е никаква опција

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

 

„Источниот регион доживеа пресврт во овој период од две и пол години, направивме многу работи преку кои се гледа дека живото тука се враќа. Домаќински работиме. Пари во државата има и секогаш имало, но важно е да ги трошиш на капитални проекти, за инвестиции, за зголемување на минималната плата, за поголема грижа за сите социјални категории, а не за врби, за споменици, за непродуктивни работи, за барок“, нагласи генералниот секретар и носител на изборната листа во ИЕ3 Љупчо Николовски, за вестите на ТВ Сител.

Директно од Источниот регион, од Карбинци тој порача дека во овој регион има уште многу да се сработи, но за тоа треба план, одговорност и чесност.

„Имаме мерки со кои ќе се стимулира растот на плата. Покачувањето што се случи на просечната плаа не е случајно. Тоа е резултат на низа мерки и политики кои беа преземени, а не беа преземени претходните 11 години. Минималната плата ВМРО-ДПМНЕ ја остави на 9.000 денари, срамота е да разговараме денеска со истите луѓе, сега кандидати од ова фејк-њуз ВМРО-ДПМНЕ, кои ја држеа платата на мизерни 9.000 денари, со години. Денеска таа плата е 14.500 денари и во време на кризата ќе ја одржиме и до крајот на следниот мандат ќе ја покачиме на 20 илјади денари. Зголемувањето на минималната плата, предизвика серија покачување на платите во многу други сектори, образование, здравство, одбрана. Ја зголеми потрошувачката на граѓаните и тоа предизвика раст на економијата. Секако дека имаме цврсти мерки кои гарантираат дека ќе го продолжиме тој пат“, нагласи Николовски.

Тој оцени дека ВМРО-ДПМНЕ за 11 години власт на сите млади и на оние од Источниот регион ВМРО-ДПМНЕ го зема достоинството, поради што си заминуваа. СДСМ за кратко време, додаде тој, отвори 60 илјади нови реални работни места, ја зголеми поддршката во делот на земјоделството, обезбеди грантови од 20 илјади евра за младите земјоделци, обезбеди стипендии за стручно образование за децата на земјоделските семејства.

„Обезбедивме грантови од 15 илјади евра за старт на нови бизниси. Го враќаме достоинството. Доаѓа период кога ќе ги извезуваме македонските брендирани производи, наместо како што беше во времето на ВМРО-ДПМНЕ да ги извезуваме младите Македонци надвор“, рече Николовски.

Тој оцени дека граѓаните на 15 јули во третата Изборна единица ќе имаат едноставен избор, бидејќи противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ му е човек зад кого има многу афери и сомнежи за криминал.

„Не знам дали некој слушнал некоја афера за мене, но знам дека Јанушев го зборат за многу работи, за многу зделки, и за двокатните автобуси од пет милиони евра и за панорамското тркало. Страшно е што имаме кандидати кои се вплеткани во разни афери. Во ВМРО-ДПМНЕ нема демократија, во СДСМ има демократија и секој со труд и пот се бори за своето место. Јас доаѓам од работничко семејство и сум се изборил за шанса во СДСМ со труд. Верувам дека во ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде тоа време после 15 јули, ќе бидат опозиција ќе имаат време за реформи по што ќе се бориме со квалитет, а не со партиски книшки“, рече на крајот Николовски.

Последни вести